ОТПИСОТ НА ДОЛГОВИ - НОВ ТОВАР ЗА КОМПАНИИТЕ: Бурни реакции по најавите за законските измени за должниците
Објавено во: Економија 18 Мај, 2023
Најавените измени на Законот за облигациони односи и на Законот за извршување ја разбрануваа економската заедница, но и јавноста. По најавите дека се прават обиди за забрзување на нивната постапка со цел поскорешно изгласување, до медиумите стигнаа бројни реакции од засегнати институции и компании кои загрижено коментираат дека планираните измени ќе удрат врз граѓаните кои навреме ги плаќаат обврските.
Бизнис заедницата испрати реакции до Собранието, Владата и други надлежни институции со кои бара повлекување на измените со образложение дека со ваквиот предлог казнената камата ја губи својата функција и ќе предизвика негативни финансиски ефекти, со што несовесните трговци, поединци и граѓани ќе бидат дополнително поттикнати да не ги подмируваат своите долгови, наспроти оние што навреме го правеле тоа.
За планираните измени на овие два закони, кои веќе се во Собрание побаравме мислење и директно од бизнисмените, кои укажуваат дека ваквите измени може да направаат поголема штета отколку корист.
Не отфрлаат дека има ситуации во кои има оштетени граѓани, чии постапки некаде заглавиле или намерно биле чувани пред крајниот рок, поради што каматите се превисоки, но истакнуваат дека со овој чекор се стават во привилегирана позиција оние кои ненавремено ги подмирувале долговите и тоа може да поттикне нов бран на неплаќање.
- Во Собранието се планираат иземни на Законот за извршување и Законот за облигациони односи на предлог на група пратеници од владејачкото мнозинство, но има предлог за иземни и од партијата „Левица“. Се бара затезните камати да не ја надминуваат главнината, и со тоа граѓаните не би биле оштетени. Сметам дека има простор да им се помага на граѓаните, особено на оние ои се во понеповолна состојба. Има ситуации кога некои должници се обесправени, се чекал последниот рок за наплата, па каматите пораснале. Но, ако се погледне големата слика, јасно е дека овие предлог измени доаѓаат во период кога имаме една разбранувана политичка ситуација. На некои од состаноците со владини претставници на оваа тема ни беше укажано дека сега најбитни се граѓаните. Треба да се има предвид дека сите ние сме граѓани – вели Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија.
Бошков за „Фактор“ појаснува дека мора да се погледне на ситуацијата од поинаков аспект, а тоа е дека некој земал заем, но не го враќал со години, на што се пресметува камата.
- Има корисници на заеми, или пак должници кои не подмируваат сметки на време, на што има камата. Ако сега се отпише тој долг, ако се анулира, тоа не е фер кон оние кои навреме плаќаат. Долгот е дел од пресметките на компаниите, со отпис се прави штета на работата на компаниите, се загрозува нивното работење. Ако се отпишат долговите на должниците, оние кои испорачале услуга или производ се заглавуваат во долгови. Тоа подоцна ќе се одрази врз вработентие кои во таа компанија земаат плата, а и тие се граѓани на оваа земја. Долговите кон компаниите не се долгови кон државата, па таа да ги отпишува. Сите граѓани имаат исти права, но и исти обврски, сега тоа се анулира. Зошто не се анулираат долговите кон УЈП, нека не се наплаќа долг за ДДВ? Неприфатливо е некој да плаќа редовно, а други не, а потоа да се изедначуваат – укажува Бошков.
Се огласија и од Здружението на даватели на комунални услуги АДКОМ кои велат дека предложените измени ќе имаат несогледливо штетни последици за нормалното функционирање на Јавните комунални претпријатија.
Велат дека испратиле допис до претседателот на Собранието, Талат Џафери во кој укажува дека една правна држава која го негува начелото на владеење на правото не смее да дозволи донесување на било каков правен акт кој има ретроактивно дејствие, освен ако не е со Уставот поинаку утврдено.
- Со донесувањето на овој предлог ќе има правна несигурност на функционирањето на правниот систем, а со тоа сериозно се поткопуваат темелите правната држава. Ваквите измени ќе значат прекршување на начелото на еднаквост на граѓаните пред законот, едни ќе бидат повластени наспроти други кои веќе го платиле долгот согласно прописите кои важеле во мометот – нагласуваат од АДКОМ.
Укажуваат дека се против предложените измени на Законот за облигациони односи и ги подржува ставовите и аргументацијата против овие измени кои ги даваат и останатите доверители и истакнува дека ако предлог Законот има ретроактивно дејствие, во тој случај голем дел од предметите на јавните претпријатија ќе останат не наплатени и не извршени имајќи во предвид дека до сега Законот предвидува застареност по правосилноста на одлуките од 10 години.
- Јавните комунални претпријатија со вакви измени во Законот ќе се стават во подредена положба за сметка на должниците, а тоа се нивните корисници кои и така ги сервисираат со услуги по цени кои се нерантабилни. Иритира причината која ја наведуваат предлагачите на измените на законот дека доверителите намерно и со цел чекаат 9 години и 11 месеци да ја започнат постапката за извршување за да се акумулира поголема камата. Ова е апсолутно неточно. Образложенијата кои предлагачите ги дале се неточни и неаргументирани и воопшто не можат да се прифатат како такви за причина за ваква измена на законот за облигациони односи. Доведувањето во негативната финасиска состојба на јавните претријатија ќе резултира со покачување на цената на услугите а тоа сето пак ќе удри по џебот на граѓаните. Апелираме до предлагачите на Законот и до сите пратеници да размислат и да не носат вакви измени кои се косат со начелата на правна држава и ќе влијаат негативно на материјалнатга сигурност на давателите на јавни комунални услуги и на квалитетот на услугите - велат од АДКОМ.
Петранка Огнаноска
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.