25 Ноември, 2024
0.0298

ПОВИСОКИ КОМУНАЛНИ И БАНКАРСКИ УСЛУГИ: Дали измените на Законот за облигациони односи ќе бидат на грбот на граѓаните?

Објавено во: Економија 17 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Бизнис заедницата бара повлекување на предлог измените на Законот за обигациони односи (ЗОО) и нагласуваат дека, доколку се прифатат овие предлози граѓаните ќе плаќаат поскапи цени на комуналните услуги за да ги покријат трошоците на неплаќачите. 

Упатените за „Фактор“ посочуваат дека измените на законот за облигациони односи, ќе ги зголеми цените на услугите, особено на комуналните и банкарските услуги

Неколку големи компании и банки веќе испратиле дописи до Владата, Собранието и другите надлежни институции, во кои ги потенцираат штетните предлози и бараат итно повлекување на измените. 

Измените на ЗОО, кои се предложени од група пратеници, и кои веќе се во Собрание, влегуваат во забрзана постапка, односно се прават напори деновиве истите да бидат донесени по што ќе стапат на сила.

Со предлог измените кои се во Собранието, меѓу другото се предвидува неисплатената казнена камата да престане да тече во моментот кога ќе го достигне износот на главнината. 

Во дописот испратен од компаниите се укажува дека со ваквиот предлог казнената камата ја губи својата функција и ќе предизвика негативни финансиски ефекти, со што несовесните трговци, поединци и граѓани ќе бидат дополнително поттикнати да не ги подмируваат своите долгови, наспроти оние што навреме го правеле тоа.

Компаниите реагираат дека ваквиот измени создаваат дополнителни ризици и ги намалуваат можностите за наплата на побарувањата, а истовремени поттикнуваат неплаќање заради благите мерки.

Особено жестока е реакцијата за предлог измените на овој закон, што предвидуваат рокот на застареност да се намали на 5 години за долг, штета и слично и 10 години за извршна постапка. Се нагалсува дека, доколку се усвојат овие измени кои ги штитат неплаќачите, компаниите ќе изгубат огромни побарувања од своите конта. 

Според извори од бизнис секторот дел од компаниите ќе треба да се откажат од над 150 милиони евра по основ побарувања, врз основ на застареност од 5 години, како што предвидуваат овие измени на Законот за облигациони односи.

- Тоа ќе доведе до зголемување на цените на услугите за струја, телефон, интернет, вода и други услуги, вклучувајќи ги банкарските услуги. Значи овие предлог измени ќе им создадат повисоки трошоци на сите граѓани, а ќе ги заштитат тие што и досега не плаќале - велат од компаниите.

Оттаму додаваат дека дополнителна слабост на законот е ретроактивност на членот 2, која е спротивна на Уставот, со кој не е дозволено ретроактивно дејство на Нов закон, освен во исклучителни случаеви.

- Ваквите предлог измени се неуставни, но и штетни бидејќи ќе предизвикаат негативни финансиски последици, бидејќи голем дел од неплатените побарувања ќе треба да се отпишат, а дополнително на тоа, доверителите освен што ќе ги отпишат побарувањата, ќе бидат оптоварени со дополнителни извршни трошоци настанати во постапките за извршување. Со запирање на постапките извршителите ќе ги наплаќаат своите долгови од доверителите наместо од должниците - нагласуваат упатените во проблематиката. 

Во Собранието изминатиов период се доставени предлог измени на два закони со кои според најавите на владејачката партија треба да се скратат мактите на граѓаните. 

Имено, на предлог на неколку пратеници доставени се измени на Законот за облигациони односи и на Законот за извршување. Како што појаснуваа од СДСМ со измените се планира каматата да престане да тече кога ќе го достигне износот на главнината. 

За долг од 1.000 денари, максималниот износ на каматата ќе биде 1.000 денари. Со ова, конечно завршува праксата граѓаните да плаќаат и до 10 пати поголем износ од она што навистина должеле. Законските измени предивдуваат и скртување на рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката. Со ова граѓаните дополнително се заштитуваат од извршени решенија, зголемени со енормни износи за камати – посочуваа од СДСМ.

Фактор веќе објави дека во Собранието се доставени законските измени на Законот за извршување, и кој заедно со измените на Законот за облигациони односи треба да ги скратат маките на граѓаните. 

П.О. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

КОНЕЧНО И ПОРТАЛИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

КОНЕЧНО И ПОРТАЛИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

ЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Не треба да се откажете од вашиот пасош, еве како да се пријавите

ЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Не треба да се откажете од вашиот пасош, еве како да се пријавите