01 Ноември, 2024
0.1281

Отплата на кредитите во швајцарски Франци била незаконска, историски ден за судството во Хрватска

Објавено во: Балкан 05 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Граѓаните на Хрватска кои осиромашија отплаќајки ги кредитите во швајцарски франци ја добија битката против банките. Судот во Загреб пресуди дека осум комерцијални банки го прекршиле законот. Ако пресудата стане правосилна граѓаните ќе можат да ги тужат банките и да си ги вратат парите кои ги претплатиле.  Судот во Загреб пресуди дека осум комерцијални банки на кои граѓаните им отплаќаа кредити во швајцарски франци го прекршиле законот за потрошувачи и законот за облигациони односи. Некои од банките најавуваат жалби и порачуваат дека ќе докажат оти работеле законски. Како што јавуваат тамошните медиуми, за јавноста одлуката на судот во Загреб против осумте деловни банки е историски ден за хрватското правосудство, бидејќи граѓаните буквално осиромашиле отплаќајки ги кредитите во швајцарски франци. Во образложението на провостепената пресуда пишува дека банките ги повредиле правата и интересите на граѓаните така што нетранспарентно ги менувале каматните стапки. Според пресудата која ја изрекол судијата Радован Добронииќ тужените банки ќе мора да прекинат со овој начин на работење и во следните 60 дена на клиентите да им понудат главница во хрватски куни од денот на заклучување на кредитот со фиксна каматна стапка. Во Хрватска повеќе од 100 илјади граѓани отплаќаат кредит во франци. Меѓу нив 75 000 се станбени кредити чии рати за кредит во последните неколку години се зголемиле од 35% па дури до 100%. Пресудата се однесува и за корисниците на кредити во други валути. „За мене ова е голема победа на малиот човек во Хрватска. На крајот се покажа дека се исплаќа да се активираш против овие големи системи“, вели Денис Мајо корисник на кредит. Судот утврдил дека банките знаеле оти ќе дојде до промена на курсот на франкот, но за тоа не ги известиле своите клиенти. Пишува и дека банкарите работеле по упатства од своите централи. Во здружението „Потрошувач“ потенцираат дека оваа пресуда отвора нова страница за заштита на потрошувачите во Хрватска.

Можеби ќе ве интересира

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот