19 Декември, 2025
0.1118

ОТРОВОТ БИЛ СТАВЕН ВО ТЕГЛА, ПОСТОИ МОЖНОСТ БАБАТА ДА ГО ПОМЕШАЛА СО НЕШТО ДРУГО: Кога синот и снаата почнале да се гушат, бабата доживеала срцев удар, соседите ги нашле на земја

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2023 10:10

Добивај вести на Viber

„Фокус“ открива нови детали од близок член на семејството во врска со инцидентот во кој сега веќе едно лице почина, а две се борат за живот, откако изедоа домашна пита со праз.

Причина за труењето е силен отров, метомил, познат помеѓу народот како ланате или ланата.

Истиот веќе подолг период е забранет во земјава, но сепак, широко е распространет и е најчеста причина за труење на кучиња, кои умираат во тешка агонија.

Истрагата ќе покаже како завршил отворот во домашната пита со праз, што ја месела старата жена.

Фокус откри дека блиско лице на семејството станува збор за грешка со кобен исход.

„Станува збор за мајка, син и снаа. Мајката, односно бабичката, сега е во кома. На денот на настанот таа правела пита во летната кујна, вели изворот за Фокус. 

„Станува збор за жена во години. Веруваме дека се случило ненамерно да стави од отровот во храната, бидејќи истиот бил претурен во тегла. Истиот момент кога почнале да се гушат снаата и синот, бабичката доживува срцев удар. За среќа, јаделе во двор и ги виделе соседите сите легнати на земја, па пришле да ги спасат – вели извор.

Како што истакнал изворот, отворот го чувале против глувци. 

Настанот беше објавен и во дневниот билтен на МВР пред неколку дена, и во него беше наведено дека од Клиниката за токсикологија во полициска станица во Кисела Вода било пријавено дека кај нив биле донесени три лица од Скопје, затруени со домашна храна, која била направена во нивниот дом.

Снаата за жал почина, бабата е во кома, а синот на Клиниката за токсикологија во стабилна состојба.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот