ОТСЕЧЕНИ СО МЕСЕЦИ: Беровчани немаат превоз до Скопје и соседните градови
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 12 Септември, 2020
Откако почна пандемијата на коронавирусот, Берово нема автобуски линии кон Скопје и околните градови.
Ова е сериозен проблем за граѓаните од сите возрасти. Тие се принудени да патуваат со сопствени возила, а доколку таа опција не им е на располагање се снаоѓаат како знаат и умеат. Жителите на овој туристички град на Истокот велат дека вака не било досега.
„Немањето превоз е доста голем проблем за беровчани. Луѓето патуваат со автомобили, но има и средношколци кои треба да одат во Скопје или Штип, а превоз нема. Не секој има автомобил. Младите полесно се снаоѓаат, а постарите ако требало да заминат некаде, одложуваат. Порано одеа луѓето во Делчево за прегледи, во нивната болница, а сега ако имаат потреба плаќаат такси, но скапо е на тој начин. Што се однесува до туристите, тие си доаѓаат претежно со автомобили и досега немало некој од нив да се пожали затоа што нема превоз“, вели Јован Рабаџиски, жител на Берово.
Во вакви услови, на граѓаните им останува опцијата да патуваат со автобус до Кочани, па оттука да го продолжат патот до главниот град. За враќање назад, обично патуваат со автобус кој сообраќа до Пехчево.
„Јас сум жена во средни години, немам автомобил, не возам, и скоро требаше да одам во Скопје, по што барав луѓе со кои би можела да патувам. Секако дека е проблем тоа што нема превоз. Сега поради Ковид -19, не секој се решава да земе патници со себе затоа што ризик постои“, додава жителка на Берово.
Роза Терзиска која преку лето живее во Берово, а остатокот од годината е во Скопје, вели дека за неа лично не е голем проблем тоа што нема превоз, но за другите жители е потешкотија.
„Ние си патуваме со автомобил, а другите си бараат чаре во вакви услови, кој каде има потреба да патува дали во Скопје, Струмица или друг град“, рече Терзиска.
Друга жена од Берово која издава соби вели дека и жителите на градот и туристите се соочени со проблем.
„Ќе ми дојдат туристи кои ќе мора да патуваат до Кочани, па потоа најверојатно ќе се префрлат во комбе за да стигнат до Берово“, објаснува таа.
Превозниците кои сообраќаа до Берово велат дека линиите се во мирување, поради пандемијата на коронавирусот, а кога ќе бидат обновени засега не се знае.
Во Македонија освен кон градовите, и кон многу рурални средини превозот е редуциран поради пандемијата.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.