17 Декември, 2025
0.0388

Од април идната година, за 1.500 денари, Македонците ќе летаат од Скопје за Брисел, Париз и Франкфурт

Објавено во: Економија 05 Август, 2013 15:06

Добивај вести на Viber

Cо субвенции од Владата, од април идната година, нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ ќе воведе директни летови од Скопје до Брисел, Франкфурт и Париз, а цената на билетите ќе чини најмалку 1.500 денари. Кон новите три дестинации ќе се сообраќа двапати неделно. Плановите за развој, денеска, на прес-конференција, ги објавија извршниот потпретседател на „Виз ер“, Џон Стивенсон со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и генералниот директор на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски. Авиокомпанијата од април следната година ќе пушти во сообраќај и нов патничкки авион Ербас А-320 со што го зголемува својот возен парк по воспоставената база на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Јанакиески и Стивенсон најавија и дека „Виз ер“ ќе ги зголеми фрекфенциите на летови за постоечките дестинации. До Малме ги зголемува летовите од пет на седум во неделата, кон Базел, наместо трипати, ќе сообраќа петпати, кон Дортумнд и кон Ајндховен се зголемуваат летовите од два на три, кон Гетеборг од два на четирипати и кон Михнен исто така од два до трипати во неделата. Според министерот Јанакиески, Владата и воздухопловните власти постојано прават напори за привлекување што поголем број авиокомпании за оперирање од македонските аеродроми, зголемување на бројот на патници и овозможување нови дестинации и поевтини билети за граѓаните. Пет топ дестинации за македонските граѓани се Истанбул, Виена, Цирих, Лондон, Љубљана и Малме. „Виз ер“ учествува со 35,2 проценти во вкупниот број патници, по што следат Туркиш ерлајн, Аустрија ерлајн, Адриатик ерлајн и Пегасус. Од ТАВ Македонија посочуваат дека се прават напори за зголемување на летовите кон Италија и повторно воспоставување на линиите кон Будимпешта и Прага.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас