18 Декември, 2025
0.0705

Отворање на почесен руски конзулат во Битола на Широк сокак

Објавено во: Мои пари 15 Август, 2016 18:14

Добивај вести на Viber

Повеќе од 20 години Република Македонија и Русија ги развиваат и динамизираат билатералните односи. Најпрвин во 1992 година Претседателот на Руската Федерација го потпиша Указот со кој Република Македонија се признава како суверена независна држава под нејзиното уставно име. Две години подоцна, разменувајќи ноти меѓу Министерствата за надворешни работи, овие две држави воспоставуваат дипломатски односи на ниво на амбасади. Во 1998 година претседателите на Русија и на Република Македонија потпишаа и Декларација за пријателство и соработка меѓу двете земји.

Руско-македонската соработка се темели на рамноправност, заемна почит, доверба и почитување на меѓународното право, има огромен потенцијал за натамошно унапредување на двете земји, како и за зацврстување на мирот и на стабилноста во регионот. Оваа меѓусебна соработка резултираше со отворање и на Почесен конзулат на Русија во Македонија кој веќе 14 години им стои на располагање на македонските граѓани.

Во февруари оваа година, по предлог на руското Министерство за надворешни работи, македонското Министерство за надворешни работи врз основ на согласноста на Владата на Република Македонија издаде егзекватура за именување на г. Сергеј Самсоненко за почесен конзул на Руската федерација во Република Македонија со седиште во Битола.

Овој конзулат и понатаму ќе им биде на услуга на руските граѓани во Македонија како и на Македонци кои имаат потреба од информации за Русија, а ќе работи врз основа на утврдена годишна програма одобрена од Руската Федерација во Република Македонија. Рускиот Конзулат ќе има за цел да ја унапреди економската соработка помеѓу руските и македонските компании, развој на билатералните односи како и промовирање на руските културни и традиционални вредности во Република Македонија.

Новиот објект на Почесниот руски конзулат свечено ќе биде отворен на 31-ви август во 19 часот на Широк Сокак. Конзулатот ќе биде осветен и свечено отворен во присуство на еминентни личности од јавниот живот. Потоа на Широк Сокак ќе следува и концерт на едни од најпопуларните вокалистки во Македонија – Елена Ристеска и Викторија Лоба.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка