30 Октомври, 2020
0.0230

Отворен конкурсот за стипендиите „Борис Трајковски“ за школување во меѓународната гимназија „Нова“

Објавено во: Мои пари 25 Ноември, 2019

Учениците од деветто одделение од целата земја кои сакаат да го продолжат образованието во гимназијата „Нова“ во Скопје, од денес (25 ноември) до 12 декември може да аплицираат за стипендијата „Борис Трајковски“ за школување во оваа образовна институција. Ова e 16 пат како се организира конкурсот, а ќе бидат доделени три целосни стипендии, како и финансиска помош за најмногу до 10 ученици, со кои ќе бидат покриени од 10 до 50 отсто од трошоците за школување.

Сите заинтересирани до 12 декември ќе може да се пријават така што ќе пополнат електронската апликација која е достапна на веб-страницата на „Нова“ www.nova.edu.mk .

Единствениот предуслов е апликантот да има одличен успех од седмо до деветто одделение. На 14 декември во просториите на гимназијата ќе биде организиран првиот круг на тестирање - пишување на состав на дадена тема.


Резултатите ќе бидат објавени на 19 декември на огласната табла во гимназијата и на нивната веб-страница. Во следната фаза ќе преминат 25 кандидати, а датумот и информациите за вториот круг на тестирањето ќе бидат дополнително објавени. 

- Стипендиите ги доделуваме во соработка со фондацијата „Борис Трајковски“ со коja веќе со години наназад имаме прекрасна соработка. Доказ за успешноста на оваа иницијатива е фактот дека интересот кај учениците од година во година сè повеќе расте. Учениците кои ќе ги добијат целосните стипендии ќе бидат избрани врз основа на вкупниот број на поени добиени во двата круга на тестирање. Ние како институција сме исклучително горди дека голем број на млади луѓе ја имаат добиено оваа стипендија и имаат постигнато одлични резултати кои воедно ги имаат однесено на водечките факултети во САД и во Европа – посочуваат од менаџментот на гимназијата „Нова“. 

Оваа програма почна во 2005 година и досега ја завршија 11 успешни генерации на матуранти. Дополнителни информации за процесот на аплицирање и за конкурсот може да се најдат на следниот линк http://www.nova.edu.mk/bt-scholarship.aspx 


Можеби ќе ве интересира

Донација на Прилепска Пиварница на ЈЗУ Борка Талески и на Брзата Помош во Прилеп

Донација на Прилепска Пиварница на ЈЗУ Борка Талески и на Брзата Помош во Прилеп

Онлајн промоција на книгата Вистинска приказна за двете соседни кралства од Марија Костадиновска

Онлајн промоција на книгата Вистинска приказна за двете соседни кралства од Марија Костадиновска

Пристигна новата колекција во Guess: Безвременска и толку шик!

Пристигна новата колекција во Guess: Безвременска и толку шик!

За безгрижно детство и сигурна иднина, одберете банка која е партнер од доверба

За безгрижно детство и сигурна иднина, одберете банка која е партнер од доверба

Со InOne.mk и Уни Банка домашните фирми побрзо и со пониски трошоци отвораат своја онлајн продавница

Со InOne.mk и Уни Банка домашните фирми побрзо и со пониски трошоци отвораат своја онлајн продавница

Додајте шик стил на секојдневната облека! Надградете го вашиот стил со модни додатоци и Huawei Watch GT 2 Pro

Додајте шик стил на секојдневната облека! Надградете го вашиот стил со модни додатоци и Huawei Watch GT 2 Pro

АЕК ќе спроведува меѓународна физибилити студија за влијанието на 5G мрежата врз здравјето на луѓето

АЕК ќе спроведува меѓународна физибилити студија за влијанието на 5G мрежата врз здравјето на луѓето

ТТК Банка АД Скопје со нова експозитура во Скопје, Дебар Маало

ТТК Банка АД Скопје со нова експозитура во Скопје, Дебар Маало

Воздухот во Скопје под 24 часовен надзор во наредните 12 месеци

Воздухот во Скопје под 24 часовен надзор во наредните 12 месеци