19 Декември, 2025
0.0370

Отворен најголемиот фитнес и спа-центар во Македонија

Објавено во: Мои пари 05 Февруари, 2015 14:03

Добивај вести на Viber

Отворен е нов фитнес и спа – центар во Скопје. Synergy Fitness & Spa центарот нуди комплетно нов начин на сфаќање на физичката активност, релаксацијата и уживањето. Центарот, којшто вчеравечер свечено беше отворен, е лоциран во населбата Аеродром, на простор од над 2.000 квадратни метри и располага со најголемата фитнес-сала во Македонија, која што е целосно опремена со опрема за вежбање од светски познатиот бренд „Technogym“. На свеченото отварање присуствуваа голем број гости кои низ посебно организирани тури беа запознаени со капацитетите и програмите кои ги нуди Synergy Fitness & Spa центарот. "Концептот на Synergy Fitness & Spa центарот е многу едноставен - нудиме комплетно нов начин на сфаќање на физичката активност, релаксацијата и на уживањето во Скопје. Целта ни е да им помогнеме на граѓаните да започнат да водат поздрав и поактивен стил на живеење. Затоа им обезбедивме најсовремено опремен простор кој е во потполност прилагоден на модерниот начин на живот - по опрема, климатизација и функционалност. За првпат во Македонија веќе може да се вежба во фитнес-сала со комплетна Technogym опрема“, изјави Никола Боглев, oперативен mенаџер на Sinergy Fitnees & Spa центарот. Центарот располага и со две сали за групните активности зумба, спининг, аеробик, јога, степ-аеробик, пилатес, ориентални танци, боди-баланс, пилатес за трудници, како и активности за деца. Спа-зоната е посебен сегмент и нуди најразлични релакс третмани од сауни и парни бањи до релаксирачи и терапевтски масажи. Комплексот располага со најсовремено опремена кафетерија, игротека, продавница за спортска опрема и аксесоари, а има и непосреден пристап до катна гаража. До 21 февруари, Synergy Fitness & Spa центарот нуди промотивен попуст од 30%, за секоја месечна членарина за користење на Фитнес салата и Фитнес и Спа пакетот, било за еден, три, шест или дванаесет месеци.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка