16 Декември, 2025
0.0547

Отворен овогодшниот „Самит 100 бизнис лидери во Југоисточна Европа“

Објавено во: Балкан, Мои пари 27 Мај, 2016 17:22

Добивај вести на Viber

Самит 100, водечката бизнис иницијатива на регионот која ги собира бизнис и политичките лидери во Југоисточна Европа, под мотото „Договор за нова доба“ почна денес во Сараево. Пред преку 150 присутни учесници и специјални гости и бројни претставници на медиуми од регионот, во воведниот дел на присутните им се обратија копретседавајќи со овогодишниот Самит 100, Елдин Хаџиселимовиќ, директор на АСА Холдинг и Амер Буквиќ, директор на ББИ банка.

Eldin Hadžiselimović, ASA Prevent

„Исклучително сме горди што ваков значаен настан, кој ја собира регионалната бизнис елита, се одржува овде во Сараево. На петтата заедничка средба на најистакнатите економисти, бизнис и политички лидери од целиот регион, повторно ќе ја отвориме ретроспективата за јакнење на конкурентноста на националните економии на земјите, но и конкурентниот потенцијал на цела југоисточна Европа“, изјави Елдин Хаџиселимовиќ, директор на АСА Холдинг.

Темите на овогодишниот собир се подобрување на економските прилики и регионална соработка преку препознавање на потенцијални на подрачјата на иновации и енергетска ефикасност, транспорт и логистика, циркуларна економија, храна и туризам, образование како и регионални кластери со фокус на автоиндустријата.

Amer Bukvić, BBI Bank„Се надевам дека Сараево, како град во кој со векови живеат различни кулури, додатно ќе креира позитивен впечаток да се реализираат целите на овогодишниот собир. Самит 100 треба да послужи како место на економско вмрежување и дијалог каде биснис субјектите на претставниците на политиката ќе им понудат конкретни предлози за унапредување на стандардите во регионот. Како нашиот регион може да профитира од циркуларната економија и нордиски модел на соработка, се само некои од предвидените теми на разговор во наредните два дена“, истакна Амер Буквиќ, директор на ББИ Банка.

Специјален гостин на Самит 100 денес бил амбасадорот Кари Кахилуото, претседавачот на Нордискиот совет на министри. Во своето излагање тој ја претставил позитивната пракса на економска соработка на нордиските земји, која на земјите од југоисточна Европа може да им послужи како пример за економско вмрежување.

Kari Kahiluoto, ambasador

Исто така, како специјални гости пред учесниците се обратија и Иза и Само Логин, најбогатиот словенечки брачен пар, основачи на „Outfit7“ и „Talking Tom“ апликациите. Само Логин ги претставил бенефитите на стартапот.

Samo Login

Босна и Херцеговина е прв пат домаќин на петтиот по ред Самит 100, чија програма продолжува и утре, кога е планирано доаѓање и учество на политички лидери од регионот.

Организатори на Самит 100 се ББИ банка и АСА Превент групацијата од Босна и Херцеговина, со поддршка од Здружението Менаџер од Словенија, Српската асоцијација на менаџери, Хрватската задруга на работодавци, Атлас група од Црна Гора и Алкалоид од Македонија.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата