Отворени нови хоризонти за современите бизнис-лидери на конференцијата на М6 “Невронауката и иднината на лидерството”
Објавено во: Мои пари 20 Јуни, 2025 12:43
Преку 100 експерти од областа на невролидерството, доктори, консултанти, претставници на деловниот сектор и студенти беа дел од конференцијата „Одлуки, одлуки: Невронауката и иднината на лидерството“,во организација на М6 Едукативен центар. Во рамките на конференцијата фокусот беше ставен на невронауката, личниот и организацискиот развој и современото лидерство во насока на трансформација на бизнисот, низ призмата на начинот на кој размислува современиот човек, влијанието на стресот и неизвесноста при носење на одлуки и значењето на лидерството базирано на разбирање.
Главен говорник на конференцијата беше д-р. Николаос Димитриадис кој важи за еден од пионерите во примената на невронауката во современото лидерство и маркетингот во светот. Тој се осврна на најновите трендови и практични апликации на невронауката во бизнисот кои веќе се применуваат во бројни водечки компании со цел да се унапреди лидерството, човечките ресурси, благосостојбата и безбедноста на работното место.
„Тука во М6, посветени сме да им помогнеме на компаниите да развијат лидери кои ќе бидат попродуктивни, посреќни и ќе ја градат македонската економија. За таа цел постојано работиме на развој на тренинзи и настани со кои ќе ги донесеме и најновите трендови и сознанија од светот”,изјави Елена Младеновска Јеленковиќ, извршна директорка на М6 Едукативниот центар, потенцирајќи ја важноста на користењето на невромаркетингот во процесот на донесување вистински одлуки и создавање автентични врски помеѓу вработените.
Меѓу истакнатите говорници на конференцијата беше и Весна Кузмановиќ, основачка на македонската компанија Stratum Research, која го претстави својот револуционерен пристап кон интерпретација на несвесните реакции на луѓето преку користење на DIY невромаркетинг платформа IMPALA, прва од ваков вид во регионот која се базира на најсовремени eye-tracking технологии и биометриски алатки.
На конференцијата беше презентирана и студија на случај за имплементација на невронаучните алатки во Винарската визба „Тиквеш“ која ги интегрираше невронаучните алатки во своето секојдневно работење користејќи невромаркетинг методологии за редизајн на линијата „Alexandria Premium Cuvée“. „Телма ТВ“ која прикажа како преку невро-анализа на потрошувачки реакции ги идентификувале преференците на гледачите со цел оптимизација на програмската шема и медиумскиот простор.
На конференцијата, проф. д-р Ежени Брзовска, професорка на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го претстави истражувањето во кое го поврзува невронаучниот пристап со современите маркетинг стратегии.
Во рамките на практичниот дел, беше одржана интерактивна сесија од страна на експертите за емоционална интелигенција Наташа Ивановска и Биљана Велевска, посветена на развој на емоционалната интелигенција кај лидерите, користејќи анализа на влијанието на социјалните сигнали врз продуктивноста и психолошката безбедност на тимовите.
Овој настан е дел од платформата „Чекор Напред“ која М6 ја спроведува изминатите години, каде преку едукација, работилници, дискусии и советување од експерти придонесува со предлог решенија на теми кои помагаат во развојот на индивидуите, организациите и општеството.
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





