18 Декември, 2025
0.0694

Ова е човекот што дели пари низ Сан Франциско

Објавено во: Свет 09 Јуни, 2014 21:00

Добивај вести на Viber

Американските медиуми го открија името на богаташот што низ Сан Франциско делеше коверти со пари по улиците. Станува збор за трговецот со недвижности Џејсон Бази. Во ковертите што им ги делел на непознати луѓе се наоѓале банкноти по 20 и 100 долари, а упатствата како да дојдете до ваков коверт ги оставал на посебен твитер профил @HiddenCash („Скриени пари“). Иако првично ја демантирал својата вмешаност, Бази во изјава за американските медиуми потоа потврдил дека токму тој ја осмислил целата акција. Тоа што неговиот идентитет е откриен, нема да го спречи, како што вели да ја продолжи својата кампања на која се придружија други донатори. Ковертите со пари и натаму ќе бидат оставани на улиците на Сан Франциско. Бази вели дека сакал да остане анонимен, бидејќи порано добил публицитет и од тоа не произлегло ништо добро, алудирајќи на тоа што одредени медиуми во 2012 година ја критикуваа неговата деловна тактика. Тој вели дека е свесен оти неговата акција добила и многу критики затоа што би можела да биде навредлива за оние кои се погодени од кризата. „Не сум роден богат. Толку луѓе кои ги познавам поминаа подобро од мене, но не прават ништо за да им дадат нешто на другите. Така што е чудно што се критикува некој што им помага на другите заради начинот на кој ги подарува парите“, вели Бази.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел