„ОВА Е НАВИСТИНА ТАЖЕН ДЕН“: Д-р Лазаров вели дека изгубивме двајца врвни лекари
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2024 13:21
Познат идентитетот на трите лица од Прилеп кои денеска загинаа во стравичната сообраќајна несреќа која се случи на патот Прилеп - Битола.
Во сообраќајката едно лице е повредено и е хоспитализирано. Несреќата се случи утрово околу 7:50 часот. Дошло до судир на патничко возило и камион на магистралниот пат Прилеп-Битола, на излезот од градот, кај селото Лагово.
Тројцата загинати се од патничкото возило „тојота“ со прилепски регистерски таблички, а повредениот е од камионот. Во судирот патничкото возило се запалило, соопштија од СВР Битола.
- Сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Н.В.(42) од Прилеп и сопатници А.Р и Ф.Ј., сите од Прилеп и товарно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(51) од Битола. Во несреќата патничкото возило се запалило и на местото починале тројцата патници. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош Прилеп - информираат од СВР Битола.
Магистралниот пат се уште е затворен за сообраќај, а увид на местото на несреќата прават полицијата и јавен обвинител.
- Како медицинска екипа констатиравме смрт на три лица, сите од патничкото возило „тојота“. Повредениот од камионот итно е пренесен во Општатата болница во Прилеп со телесни повреди - изјави Боше Милошески, началник на Итната медицинска помош од Прилеп, кој беше на увид на местото на сообраќајката.
Локалните медиуми откриваат дека станува збор за врвни доктори. Имено станува збор за двајца доктори од приватната болница „Плодност“ Битола. Загинаа примариус доктор Александар Ристески, радилог и гинекологот д-р Никола Василески. Животот го загуби и Фанче Јованоска рендген техничар во болницата, сите од Прилеп.
Повеќе од час и половина екипите на прилепската противпожарна единица интервенирале за да го изгаснат пожарот.
- Во 7:45 часот изутрината добивме пријава за камион, кој гори на патот Прилеп - Битола, кај селото Лагово. Кога дојдовме на местото видовме дека не гори само камион, туку и патничко моторно возило, односно се случила сообраќајна несреќа. За да го изгаснеме пожарот интервениравме со пет возила и 12 пожарникари. Го обезбедуваме просторот, има бензин, нафта истечено. Станува збор за хибридно возило во сообраќајката со литиумски батерии - изјави Виктор Стојчески, заменик- момандир на ТППЕ- Прилеп.
Магистралниот пат Прилеп - Битола од 8 часот изутрината е затворен за сообраќај. Сообраќајот се одвива по алтернативни патишта
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола во која утрово три лица го загубија животот, а едно е повредено.
Според првичните сознанија, до несреќата дошло при судар на патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки и товорно возило „волво“ со скопски ознаки. Причините за несреќата се утврдуваат.
Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатите, сите патници во автомобилот, како и за испитување на примероци од крв и урина од возачот на камионот. Наредено е и сообраќајно-техничко вештачење за утврдување на причините.
Доктор Ненад Лазаров, на неговиот фејсбук профил објави дека ова е катастрофална загуба за Македонија и македонското здравство.„Катастрофална загуба за Македонија и македонското здравство, во трагична сообраќајна несреќа утрово изгубивме двајца врвни лекари
Прим. Д-р Александар Ристески и
д-р Никола Василевски.
Животот го загуби и рендген техничар Фанче Јовановска.
Сочувство до семејствата и блиските, ова е навистина тажен ден.
Сочувство и до целиот персонал на болницата Плодност.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




