Ова е состојка која повеќето ја консумираат, но не знаат дека е „тивок убиец“
Објавено во: Македонија 27 Септември, 2023 07:27
Многу продукти кои ги консумираме содржат палмино масло. Во брзата храна, во многу грицки има палмино масло, кое може да предизвика негативни ефекти по нашето здравје.
На оваа состојка посебно треба да внимаваат луѓето кои веќе имаат здравствени проблеми.
„Палминото масло влегува во состав на многу прехранбени производи, но и козметика, а за да се најде во нивниот состав, ова масло поминало низ процес на хидрогенизација за да го продолжи рокот на траење. Проблемот со хидрогенизираното растително масло е што сите придобивки се уништуваат со овој процес, а маслото може дури и да стане штетно. Хидрогенизацијата на маслото може да доведе до создавање на транс масти, кои доведуваат до повеќекратно зголемување на концентрацијата на „лошиот“ холестерол во крвта. Такви транс масти се наоѓаат во многу преработени производи кои содржат хидрогенизирано палмино масло. Консумирањето на неквалитетно палмино масло или масло кое е повторно загреано неколкупати може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања, предизвикува запушување на артериите и можност за појава на згрутчување. Посебна претпазливост при употреба на палмино масло и производи кои го имаат палминото масло во состав е потребна за лица со висок холестерол во крвта, бидејќи употребата на палмино масло го зголемува нивото на лошиот холестерол во крвта“, вели дипломираниот нутриционист Ирина Лазарова.
Палминото масло доста често се користи од ланците за брза храна. Всушност се користи за пржење, поради својата стабилност на високи температури и ниската цена. Палминото масло се користи и по повеќе циклуси на пржење. Ова масло може да го има во чипсови, лиснати теста, пуканки, чоколади, инстант сосови, сладоледи, нудли, маргарин и слично. Дури 85 отсто од палминото масло во светот доаѓа од Индонезија и од Малезија.
Сања Атанасовскаfoto Wikipedia
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




