16 Декември, 2025
0.0490

Ова е убиецот на Кирк, на куршумите напишал „Еј фашисто, фати го ова!“

Објавено во: Свет 12 Септември, 2025 17:49

Добивај вести на Viber

ФБИ го објави идентитетот на убиецот на конзервативниот инфлуенсер Чарли Кирк, именувајќи го како 22-годишниот Тајлер Робинсон од јужна Јута. Директорот на ФБИ, Каш Пател и властите на Јута одржаа прес-конференција набргу откако aмериканскиот претседател Доналд Трамп кажа дека убиецот на Кирк е фатен.

„Го фативме. Тој е во притвор“, изјави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс.

Еден од најпознатите американски конзервативни активисти и близок сојузник на Трамп беше смртно застрелан пред два дена додека држеше говор пред 3.000 луѓе на универзитет во Јута, по што беше покрената голема потрага. ФБИ вчера објави фотографии од осомничениот, а потоа и видео од него како бега од местото на пукањето.

„Робинсон му се доверил на семеен пријател дека го убил Кирк, кој потоа ја известил канцеларијата на шерифот на округот Вашингтон. Член на неговото семејство изјави дека Тајлер почнал повеќе да се интересира за политика во последните години и во една прилика рекол дека не ги сака Кирк и неговите ставови затоа што шири омраза“, рече Кокс.

Тој додаде дека на куршумите на Робинсон имало испишани пораки, како „Бела чао“ и „Еј фашисто, фати го ова!“.

„Сакаме да им се заблагодариме на членовите на семејството на Робинсон, кои постапија правилно и го доведоа кај органите за спроведување на законот“, рече Кокс.

Кирк беше убиен со еден куршум во врат, испукан од снајперско гнездо на покривот на зграда.

Убиството на Чарли Кирк, политички активист и јавна личност, претставува сериозен политички пресврт и шокантна манифестација на растечката политичка нетолеранција во САД.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“