ОВА ЌЕ БИДЕ НОВАТА СНАА НА ТРИФУН КОСТОВСКИ - познатиот бизнисмен на заедничка фотографија со Софија и Олга
Објавено во: Македонија 26 Декември, 2022
Интересот на граѓаните и за приватниот живот на познатите бизнисмени е постојано на високо ниво.
Познатиот бизнисмен Трифун Костовски денеска објави фотографија, со својата, како што напиша на фејсбук, снаа во доаѓање.
„Олга и јас во друштво со Софија, снаата која доаѓа“, напиша Костовски на социјалната мрежа фејсбук.
Веројатно Софија е девојка на неговиот најмал син Филип, брат на Коки и Олга, кои доста почесто ги гледаме во јавноста.
Во една прилика, односно за славата свети Атанас, Костовски ја објави фотографијата со неговите три деца, на која за прв пат можевме да го видиме и Филип.
„Семејна слава - Свети Атанас, драга фотографија со моите деца“, напиша тогаш Костовски на фејсбук.