ОВА ЌЕ ГО ИНТЕРЕСИРА СЕКОЈ ШТО НЕКОГАШ САКАЛ ДА РАБОТИ ВО ГЕРМАНИЈА: Тажни вести пристигнуваат од ветената земја
Објавено во: Свет 30 Јануари, 2024
Германските компании се помалку се подготвени да вработат нови работници, се вели во извештајот објавен денеска од Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.
Индикаторот што ја мери подготвеноста на германските компании да ангажираат работници падна на 95,5 поени во јануари од 96,5 поени во декември, објавено е на веб-страницата на IFO.
постер
Компаниите прилично се двоумат да вработат нови луѓе, отпуштањата стануваат се поверојатни, рече шефот за истражување на IFO, Клаус Волраб.
Во германскиот производствен и трговски сектор владее песимизам во однос на вработувањето на нови работници, а од овој тренд не е поштеден ниту услужниот сектор.
Работниците првенствено ги бараат ИТ компаниите и фирмите кои обезбедуваат консултантски услуги.
Германскиот градежен сектор е во криза која се одржува и се воздржува при вработување на кадри.
Во посебна изјава, IFO рече дека германската економија е „заглавена во рецесија“ бидејќи деловното расположение на компаниите во Германија дополнително се влоши во јануари.
Германските компании беа помалку задоволни од тековниот бизнис во споредба со декември и поскептични за развојот на нивниот бизнис во следните шест месеци.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.