18 Декември, 2025
0.0509

ОВА ЌЕ СПАСИ МИЛИОНИ ЖИВОТИ: Тајланд и Камбоџа потпишаа договор за прекин на огнот

Објавено во: Свет 26 Октомври, 2025 15:20

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Доналд Трамп, пристигна во главниот град на Малезија, Куала Лумпур и веднаш по пристигнувањето, тој присуствуваше на потпишувањето на проширениот договор за прекин на огнот меѓу Тајланд и Камбоџа, а потпиша и трговски договори со двете земји.

Во главниот град на Малезија е потпишан историски договор меѓу Бангкок и Пном Пен, со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп. Договорот вклучува прекин на огнот.

Трамп првпат интервенираше во јули за да го прекине петдневниот граничен конфликт меѓу двете земји, а мировниот договор беше потпишан кратко откако Трамп пристигна на самитот на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Куала Лумпур, објави „Ројтерс“.

„Собирот во главниот град на Малезија следи по примирјето постигнато пред три месеци, кога Трамп ги повика тогашните лидери на двете земји да престанат со непријателствата или ризикуваат привремено да ги прекинат трговските разговори со Вашингтон“, изјави тој.

Пред потпишувањето на договорот за прекин на огнот утрово, камбоџанскиот премиер Хун Сен му се заблагодари на Трамп за неговото „решително водство“ и „неуморните напори“ за спроведување на договорот.

Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул, исто така, му се заблагодари на американскиот претседател за неговите напори за постигнување прекин на огнот и вети дека ќе го отстрани „тешкото оружје од граничните области за да се обезбеди безбедноста на луѓето“, како и дека ќе ги ослободи воените заробеници.

„Овој договор означува ново поглавје во историјата на Тајланд и Камбоџа“, рече Анутин Чарнвиракул.

Американскиот претседател рече дека овој договор ќе спаси милиони животи.

„Најважно е што борбите престанаа, лидерите на Тајланд и Камбоџа покажаа голема храброст, му се заблагодарувам на премиерот на Малезија за неговото посредништво“, нагласи Трамп.

По договорот за прекин на огнот, Тајланд и Камбоџа, поединечно, потпишаа трговски договори со САД, објави „Би-Би-Си“.

Трамп потпиша реципрочен трговски договор со Камбоџа, критичен договор за минерали со Тајланд.

Пред неколку месеци имаше судири меѓу двете земји.

Повеќе од еден век, Тајланд и Камбоџа го оспоруваат суверенитетот над разни необележани точки по должина на нивната копнена граница од 817 километри (500 милји), што доведе до судири во текот на неколку години. 

foto EPA/MOHD RASFAN / POOL 

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“