15 Мај, 2024
0.0261

ОВА СЕ 5 НАЈКРВАВИ УБИСТВА ВО ШКОЛИТЕ ВО АМЕРИКА: Приказните мрзнат крв во вени, во еден масакр убиени дури 33

Објавено во: Свет 25 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Во училиштето вчера се случи уште едно страшно злосторство, овој пат Салвадор Рамос (18) уби 19 ученици и еден наставник.

Шефот на полицијата во Увалде изјави дека ова е најкрвавото злосторство во историјата на училиштата во Тексас во последните 56 години. Пред овој масакр има уште четири вакви злосторства, од кои три пред 15 години.

Страшно злосторство од Тексас го шокираше светот, кога Салвадор Рамос (18) брутално уби 19 ученици и еден наставник во основното училиште Увалде во Тексас. Повеќето од неговите жртви се на возраст од 9 до 11 години. Убил и двајца возрасни, а ја застрелал и својата баба пред масакрот. Тој беше убиен во престрелка со полицијата.

Овој инцидент е само еден во низата масовни убиства во американските училишта. Шефот на полицијата во Увалде објави дека ова е најкрвавото злосторство во историјата на училиштата во Тексас во последните 56 години. И навистина, има само четири такви злосторства пред овој масакр, од кои три се случија пред 15 години.

14 февруари 2018 година - Паркленд, Флорида (17 загинати, 17 повредени)

19-годишниот Николас Круз, поранешен ученик во средното училиште Стоунмен Даглас, бил избркан од училиште поради неговото однесување. Пукал кон студенти и ученици од автоматско оружје откако го вклучил алармот за пожар. Загинаа 17 лица, а исто толку беа повредени. Општиот хаос го искористил и глумел дека е еден од учениците и мирно го напуштил училиштето. Подоцна бил фатен во станбена населба додека се враќал дома. Тој беше обвинет за обид за убиство, а пред судот ја призна вината. Конечна пресуда сѐ уште се чека.

1 август 1966 година - Остин, Тексас (18 убиени, 31 ранет)

Долго време овој случај беше најлошиот во историјата на Тексас. Се до денес. Тогаш 25-годишниот студент по машинско инженерство и поранешен маринец Чарлс Витман се искачи на кулата на Универзитетот во Тексас. Во неа убил три лица, а од врвот пукал и убил 12 лица, а ранил 31 лице. Сето тоа траело 96 минути до доаѓањето на полицијата која на крајот го убила. Тој претходно ги убил сопругата и мајка си во нивните домови.

14 декември 2012 година - Њутаун Конектикат (28 убиени, 2 ранети)

20-годишниот Адам Ланза убил 27 луѓе, а потоа и себеси во основното училиште Сенди Хук. Прво ја убил мајка си во куќата, а потоа го зел оружјето и отишол во своето поранешно основно училиште. Убил 20 првачиња на возраст од 6 и 7 години, заедно со шест возрасни лица, од кои четворица наставници, директори и психолози. Се самоубил кога полицијата пристигнала во училиштето.

16 август 2007 година - Блексбург, Вирџинија (33 убиени, 17 ранети)

23-годишен студент Сеунг-Хои Чо уби 32 студенти и членови на факултет во два одвоени напади на кампусот во Вирџинија Тек, по што се самоуби. Прво убил еден ученик во една соба, а потоа уште еден кој дошол да помогне. Два часа подоцна отишол на факултет каде направил барикада пред влезот, по што пукал во неколку училници.


ФОТО: YOUTUBE/CBS

Можеби ќе ве интересира

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците