Ова се четирите барања испорачани од пратениците кои помогнаа да има дветретини
Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2018 09:10
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои деновиве на седницата за уставни измени го дадоа гласот – „За“, испорачаа четири услови до власта.
Позитивно гласаа, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов,Сашо Василевски, Елизабета Канческа Милевска, Владанка Авировиќ, Зеќир Рамчиловиќ, Нола Исмајловска Старова, и Емилија Александрова.
Тие бараат:
1.Прифаќање на амандман на Уставот со кои ќе се гарантира македонскиот идентитет.
2.Прифаќање на одредба на Уставот со која ќе се гарантира дека доколку Република Грција не го ратификува договорот и повторно ги попречува евро –атлантските интеграции на Република Македонија, ќе има безусловно поништување на сите прифатени уставни амандмани кои произлегуваат од имплементацијата на договорот од Преспа.
3.Постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи го процесот што води кон полноправно членство на РМ во ЕУ.
4.Прифаќање на иницијативата на Претседателот на Владата на Република Македонија г. Зоран Заев искажана на 61 – та седница на Собранието на Република Македонија на 15 октомври 2018 год., за простување во врска со настаните на 27 април 2017 год. во Собранието на Република Македонија и сеопфатно национално помирување“.
Полицијата им ги чува домовите и им ја гарантира безбедноста откако гласаа „За“.Во јавноста има реакции. За некого тие се предавници, а за други патриоти кои гласале по сопствено убедување.
По гласањето за пристапување кон уставните измени, актерката Јелена Жугиќ го изрази своето разочарување, додавајќи дека и било срам што таа била директор на театар, а Канческа-Милевска ресорен министер за култура.
Денот на гласањето беше драматичен. Јавноста со часови чекаше да почне седницата која прво беше закажана за 12, па одложена за 15 часот, за да на крај се гласа нешто пред 22 часот.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




