19 Декември, 2025
0.5326

Ова се најдобрите полицаец, пожарникар и крводарител за 2013 година

Објавено во: Мои пари 27 Декември, 2013 13:19

Добивај вести на Viber

За најдобар пожарникар е прогласен Зоран Павловски, пожарникар-спасител возач на специјално возило во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, најдобар полициски службеник за 2013 година е Благоја Цоканов, а за најдобар крводарител е прогласен Џеладин М. Јадигар. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска свечено им ги додели наградите. „И годинава, како и досега, Град Скопје традиционално ја доделува наградата за најдобар полицаец, пожарникар и крводарител на територија на град Скопје за тековната 2013 година. Наградата е парична и изнесува 10 000 денари, a ги наградуваме најхрабрите и најхуманите со цел да ги поттикнеме граѓаните на Скопје и тие да ја покажат својата храброст и хуманост. Сакам да им честитам на постигнатиот успех и да им порачам и натаму да бидат пример и мотивација за своите колеги и сограѓани,“ истакна градоначалникот Трајановски. Најдобриот полицаец за 2013 година, Благоја Цоканов, веќе 16 години е вработен во СВР- Скопје, Единица за јавен ред и мир и интервеции, а во текот на изминатата година остварил надпросечни резултати и пожртвувано ги извршувал службените задачи. Најдобриот пожарникар, Зоран Павловски, пожарникар-спасител возач на специјално возило во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, во текот на 2013 година учествувал во гаснење на повеќе пожари, односно во над 50 пожари во станбени објеки, околу 30 технички интервенции и во гаснењето на 20 шумски пожари. Најдобриот крводарител Џеладин М. Јадигар, годинава 4 пати дарувал крв, а досега, во изминатите години, вкупно 181 пат. Како долгогодишен крводарител, кој веќе 43 години дарува крв им порача на своите сограѓани да се хумани и да даруваат крв.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка