Ова се најдобрите работници во Германија
Објавено во: Економија 05 Јуни, 2017
Хрватите се меѓу најдобрите работници во Германија.
Бројките покажуваат дека само 6.3% од Хрватите кои живеат во Германија земаат социјална помош.
Тоа е најмалку во однос на сите други странци. Од социјална помош живеат 7.3% од Германците.
Со ова Германците го потврдија она што со десетина години се зборува дека Хрватите се едни од најдобрите работници во Германија.
Тие немаат проблем со учење на германскиот јазик и лесно се привикнуваат на начинот на живот.