ОВА СЕ СИТЕ КАНДИДАТИ: СДСМ на избори со тандем носители во сите изборни единици
Објавено во: Македонија 10 Март, 2020 08:55
Со двајца носители на листи владеачката СДСМ оди на избори.
Во тандем на маж и жена партијата на Заев ќе трча на овие избори а кандидатите официјално беа претставени доцна синоќа.
По полноќ, лидерот Заев ги „качуваше на сцена“ сите носители во изборните единици .
Имено, во „кецот“ носители на листата се Никола Димитров и Мила Царвоска, во двојката одат техничкиот премиер Оливер Спасовски и Соња Лукаревска.
Третата изборна единица им припадна на партискиот генерален секретар Љупчо Николовски и Јагода Шахпаска додека четвроката ја предводи самиот Заев заедно со Соња Мираковска.
Петката им отпадна на тандемот Шекеринска - Митревски додека во шеската ќе трчаат Билал Касами и Фаница Николовска.
За Заев овие личности ќе и ја донесат големата победа на СДСМ на 12 април, додавајќи дека со ваква понуда нема дилема дека тие ќе бидат победници на изборите.

Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




