ОВА СЕ СЛУЧУВА ВО ЕДНА ОД НАЈБОГАТИТЕ ЗЕМЈИ: Дури 70 отсто компании се пред банкрот
Објавено во: Економија, Корона Вирус 22 Мај, 2020
Дури 70 отсто од компаниите во Дубаи се пред банкрот.
Очекуваат дека во рок од шест месеци ќе ги затворат своите фирми.
Пандемијата на коронавирусот и мерките за ограничување на движењето ја намалија побарувачката. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето, објавено денеска, направено од Економската комора на Дубаи.
Анкетирале 1.228 генерални директори во голем број сектори во периодот од 16. до 22. април, а дури три четвртини од анкетираните биле мали претпријатија со помалку од 20 вработени, објави „Си Ен Би Си“.
Повеќе од две третини од анкетираните рекле дека се под закана на умерен или висок ризик да стават клуч на своите бизниси во наредните шест месеци. Поточно, околу 27 проценти рекле дека очекуваат дека ќе ги затворат фирмите наредниот месец, а 43 отсто дека тоа би го сториле во наредните шест месеци.
Дубаи е една од најбогатите земји во светот.Во 2017 година земјата имаше вртоглав скок на БДП, и беше пред другите арапски економии. Тие имаат добра домашна потрошувачка и меѓународна трговија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.