ОВА ШТО ГО ГЛЕДАМЕ Е СТРАШНО: Млади, здрави луѓе со тешки клинички слики, директорката Гагачовска со апел по смртта на 19-годишната девојка
Објавено во: Македонија 08 Април, 2021 19:35
Во Клиничката
болница во Битола почина 19-годишна девојка која била суспектна на Ковид-19, а
директорката д-р. Билјана Гагачовска за Фактор изјави дека направиле се што е
потребно, но за жал, само неколку часа по приемот, младата девојка починала.
-Девојката беше донесена вчера, во многу тешка состојба со ниска сатурација, веднаш беше хоспитализирана во Ковид-центарорт во посебна соба за суспектни пациенти. Веднаш и беше дадена адекватна терапија и беа преземени реанимациони мерки, но за жал неколку часа по приемот, пациентката почина. Беше донесена како сомнителна со клиничка слика и манифестација на ковид-инфекција, но не беше тестирана и кај нас почина пред да биде земен брис. Инаку, девојката имаше коморбидитет-Даунов синдром.
Д-р. Гагачовска информира дека до утринава до 8 часот во Клиничката болница во Битола се хоспитализирани 134 пациенти од кои повеќето се со тешка клиничка слика и во тешка состојба. -Уринава имаме двајца пациенти кои починаа, едниот на 63 години, другиот на 69. Во текот на денот има и нови приеми и секако исписи на пациенти кои се во добра здравствена состојба. Се уште има слободни болнички кревети. Но, она што сакам да го потенцирам и да апелирам, посебно до младите е да ги почитуваат мерките бидејќи она што го гледаме е навистина фрапантно. Млади пациенти, здрави пациенти доаѓаат со веќе развиени за кратко време тешки клинички слики.
Како и секаде бројот на млади заболени и во Битола е се поголем, овој британски сој, како што кажуваат и епидемиолозите, многу брзо развива тешка клиничка слика и ја напаѓа и помладата популација, вели за Фактор, д-р Гагачевска.
Анита БуховскиМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




