Ова земја е прва во Европа, и трета во светот по бројот на милијардери
Објавено во: Економија 24 Јули, 2019
Во Европа најмногу милијардери има во Германија – 114, со вкупно богатство од 500 милијарди долари, a Германија воедно е и трета во светот.
Најмногу милијардери во светот живеат во САД, дури 607, со срeдства во вредност од 3.111 милијарди долари, покажаа податоците на американскиот магазин „Forbes“.
Кина има 324 милијардери кои вкупно поседуваат 980 милијарди долари.
Русија има 98 милијардери со средства во износ од 421 милијарда долари.
Обединетото Кралство има 54 милијардери со богатство од 182 милијарди долари. Во Франција има 41 милијардер, а нивното богатство „тежи“ околу 330 милијарди долари.
Во Европа, Италија има 35 милијардери, а Швајцарија и Шведска по 33, додека во Шпанија има 29.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.