18 Декември, 2025
0.1044

„ОВАА КУЌА Е ДИВОГРАДА, НЕЗАКОНСКИ ЛЕГАЛИЗИРАНА. АЈДЕ ДА ВИДИМЕ КАКОВ ОПШТИНСКИ ТАТКО Е“: жителите на Финска на нов протест

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2025 09:10

Добивај вести на Viber

По протестите кои се одржаа од страна на жителите на улица Финска во општина Гази Баба, жителите најавуваат нови протести поради проблемите кои им ги создал еден нов комшија. 
Тие бараат одговорност од лицето, но и од институциите, кои според нив, не си ја вршат работата и не преземаат никакви активности за да ги заштитат граѓаните кои со децении живеат тука и кои регуларно плаќаат сметки и обврски кон државата. 
Почитувани пријатели,

имам можност и обврска да Ве известам дека моите комшии од улицата чија фекална канализација веќе 4 месеци е запрена од насилниот измамник, и чии здравје и животи се загрозени, закажаа втор протест за овој акутен проблем за 09.10.2025 г четврток од 17 до 18 ч на улица Финска, на раскрсницата пред нивните домови како и на првиот протест.

Во најавата за протестот, доставена до полицијата, велат дека протестот е заради излевање на фекални води во тоалетите во домовите и во нивните дворови, со неподнослива смрдеа, каде што живеат и постари немоќни лица, како и заради секојдневното вербално малтретирање од психопатскиот насилник со провокации и навреди, и закани дека ќе им ја запре и водата.

Досега и од општина Гази Баба и од државата нема конкретни мерки за санирање на ситуацијата. Градоначалникот на општина Гази Баба Боби Стефковски, инспекторите и полицијата се правдаат дека не е нивна надлежност. Од Водовод рекле дека нема можност за друга канализациска мрежа, што не го решава проблемот - се посочува во објавата која се пренесува на социјалните мрежи. 

Меѓу другото во неа е потенцирано дека ова е пример како треба градоначалникот да застане во одбрана на граѓаните. 
Градоначалникот на Гази Баба Боби Стефковски на ТВ дебатата се пофали дека тој срушил една дивоградба во општината. Еве и оваа куќа е дивоградба, незаконски легализирана, што го кажува и Боби. Ајде да видиме каков општински татко е, и како ќе постапи во овој случај. Тој ќе биде најодговорниот во случај да се случат несакани последици, како по здравјето така и по животите на овие луѓе, не дај боже и пошироко, заради можни тешки инфективни и заразни заболувања - се потенцира во објавата. 

Жителите на оваа улица и претходно протестираа поради како што истакнуваат самоволието на комшијата, кој на неколкумина им направил најразлични проблеми, од фрлање ножеви во дворот, прскање на растенија со хемикалија по што се сушеле, недозволено снимање во дворовите.... Но, најголем проблем и е блокирањето на канализационата мрежа, поради што дел од нив сега неможат да ги користат нормално своите домови. 

За дрскоста на овој човекот редовно известуваше „Портал X“ кој укажа дека оди дотаму што со камери кои снимаат 24/7 директно им ја нарушува приватноста во дворовите, а сега им се заканувал дека ќе им ја сопре и водата за пиење.

Фото: Принтскрин/Јутуб

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија