Оваа пролет на Pickbox – Бајки, згодни жени и дрзок болнички хумор
Објавено во: Мои пари 31 Март, 2015 11:01
Волшебен свет на бајките, згодни жени кои сакаат да ризикуваат на приватен план, дрзок болнички хумор и уште многу работи ве чекаат на Pickbox. “Љубовници“ и“Стажисти“ пристигнуваат на 1 април, а додека чекате, тамам ќе стигнете да организирате и маратонско гледање на бајковитата серија “Си било еднаш“.
Верувате ли во бајки?
Замислете град во кој луѓето итаат од едно место на друго за да стигнат да извршат една одсвоите многубројни дневни обврски. А сега замислете дека тие луѓе не се обични жителина градот, туку волшебни ликови од бајките, на кои злобната вештерка им ја фрлилаклетвата на заборавот.
Цела плејада нам добро познати ликови од бајките се раселени од вештерката во градотСторибрук и додека едно храбро и инвентивно момче не се осмели да ги преземе работитево своите раце, злобното проклетство и понатаму трае.
Ако ви кажеме дека Џинифер Гудвин (Снежана) и Џош Далас (Принцот) се запознале наснимањето на Си било еднаш и подоцна вечерале, не ви останува ништо друго освен даверувате дека за некои луѓе бајките сепак се возможни.
Лекари од кошмарите
Нивната работна околина по ништо не би требало да предизвикува смеа и да поттикнувана ѓаволштини, но на откачената екипа од Стажисти токму болничките ходници ѝ сеполигон за најцрниот хумор.
Тројцата неискусни и несмасни лекари, во чии раце никој нормален не би сакал да дојде,домарот кој обожава да им „го спушти“ по секоја цена и еден релативно љубезен лекар, сеодлична гаранција за смеа.
Несмасниот и по малку откачен Џеј-Ди, арогантниот Турк, симпатичната но несигурнаЕлиот, за среќа ја сретнуваат медицинската сестра Карла, која се обидува да ги насочи,додека од злобните досетки на нарцисоидниот ментор на Џеј-Ди, Пери Кокс, не би сезасрамиле ни најголемите гадови на овој свет.
Романси и интриги
Со какви проблеми се среќаваат жените кои уште немаат добиено статус на девојки илисопруги (а можеби тоа воопшто и не го сакаат), погледнете во Љубовници. Четирипријателки, чии животи се вртат околу сексуалните интриги, романтиката и згоднитемажи, се идеална комбинација за добра и опуштена серија. Особено ако се работи за женикои сакаат да ризикуваат на приватен план.
Американската верзија на „Љубовници“ со „волшебничката“ Алиса Милано и со„изгубената“ Џунџин Ким, претставува верна адаптација на истоимената британска серијаод 2009 година. Иако „Љубовници“ наскоро поради пониските трошоци за снимање ќе сепресели во Канада, и тоа без Алиса Милано, која има две мали деца, нема причина вопрвите две сезони да не го фатите шмекот на летната вибрација на Лос Анџелес.
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?




