27 Ноември, 2024
0.0600

ОВЧИТЕ СИПАНИЦИ И ПОНАТАМУ ЗАБРЗАНО СЕ ШИРАТ - над 600 ново заболени во февруари, еве кои други болести се присутни

Објавено во: Македонија 20 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Најчести пријавувани акутни заразни заболувања во февруари биле овчите сипаници - 661, по што следуваат ентероколитиси - 207, па пертусис или големата кашлица - 120 случаи, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

- Во однос на претходниот месец - јануари, се регистрира намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 26,8 отсто, додека во однос на месец февруари 2023 година, се регистрира намалување за 5,6 проценти. Во однос на претходниот месец јануари, се регистрира зголемување на бројот на заболени лица од ентероколити за 27 проценти, додека во однос на месец февруари 2023 година, се регистрира зголемување за 88,2 отсто - пишува во извештајот.

Во февруари пријавени се и четири случаи потврдени на ХИВ и еден на СИДА, од машки пол, кои се на возраст од 20 до 39 години.

- Пријавен е еден смртен случај од СИДА, пријавен како заболен во 2018 година, од машки пол, кој припаѓа на возрасната група од 35 до 39 години. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи, заклучно со 29 февруари, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Република Северна Македонија, за периодот 1987–2024, изнесува 645 и тоа - 127 лица починале, 518 лица живеат со ХИВ/СИДА, се вели во извештајот на ИЈЗ.

Пријавени се вкупно и 49 случаи на Ковид-19 во текот на февруари.

Во текот на февруари, пристигнати биле две пријави за заразно заболување за ентероколит кај странски државјанин од Шведска и шуга кај странски државјанин од Хрватска, кои престојувале во Република Северна Македонија, информираат од ИЈЗ.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

АЛЕКСАНДАР ДИМИТРИЈЕВИЌ Е НОВИОТ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА СДСМ: Кои се потпретседателите?

АЛЕКСАНДАР ДИМИТРИЈЕВИЌ Е НОВИОТ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА СДСМ: Кои се потпретседателите?

ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ЗА ПОМИНАТ КИЛОМЕТАР ЗА ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ: Славески вели дека сега е на потег Арсовска

ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ЗА ПОМИНАТ КИЛОМЕТАР ЗА ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ: Славески вели дека сега е на потег Арсовска

МИЦКОСКИ ЗА БАРАЊАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Oдлучиле да бидат заложници на луѓе кои живеат во средниот век, а не гледаат напред

МИЦКОСКИ ЗА БАРАЊАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Oдлучиле да бидат заложници на луѓе кои живеат во средниот век, а не гледаат напред

ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА АПЛИЦИРАЛЕ ДЕСЕТТИНА КАНДИДАТИ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Работно место – проектен менаџер за осигурување

ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА АПЛИЦИРАЛЕ ДЕСЕТТИНА КАНДИДАТИ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Работно место – проектен менаџер за осигурување

„НЕКОЈ ДА НЕ ГО МЕСТИ ФИЛИПЧЕ“?: Премиерот Мицкоски зачуден од неговите изјави за унгарскиот кредит

„НЕКОЈ ДА НЕ ГО МЕСТИ ФИЛИПЧЕ“?: Премиерот Мицкоски зачуден од неговите изјави за унгарскиот кредит

ОСТАНАЛ БЕЗ 12.000 ЕВРА: Охриѓанец e измамен со „шема“ со биткоин

ОСТАНАЛ БЕЗ 12.000 ЕВРА: Охриѓанец e измамен со „шема“ со биткоин

КОС НЕ МОЖЕ ДА ДАДЕ ГАРАНЦИИ: Очекува дека Македонија ќе направи уставни измени

КОС НЕ МОЖЕ ДА ДАДЕ ГАРАНЦИИ: Очекува дека Македонија ќе направи уставни измени

ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресоа два мали града

ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресоа два мали града

„ГО ЧЕКАМЕ ИСХОДОТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ“: Филков за осудените Демири и Исмаиловиќ за петкратното убиство кај Смилковско езеро

„ГО ЧЕКАМЕ ИСХОДОТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ“: Филков за осудените Демири и Исмаиловиќ за петкратното убиство кај Смилковско езеро