19 Декември, 2025
0.0515

ОВК со остра реакција на присуството на Артан Груби и Назим Буши на јубилејот на „тигрите“

Објавено во: Македонија 14 Март, 2021 08:10

Добивај вести на Viber

Вчерашната церемонија по повод 40-годишнината од формирањето на единицата „Тигри“, каде што беше присутен и првиот вицепремиер Артан Груби и заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши, предизвика остра реакција на ОВК.

„На 8 септември, Република Северна Македонија ќе ја прослави 30-годишнината од основањето како демократска држава. Додека денес беше одбележана 40-годишнината од постоењето на Специјалната единица „ТИГРИ“ !!! Можеби помладата генерација не знае за тоа, но вие кои сте генерација на тоа време сигурно знаете и добро се сеќавате кој и зошто ја формираше оваа единица. Во март 1981 година, неколку дена откако започнаа студентските демонстрации на Косово, беше донесена одлука од Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија итно да се формира специјална единица за да се спречи револуционерниот дух на Албанците, да се запре напливот на демонстрации и физички да ги ликвидираат извршителите на „албанскиот национализам, иредентизам и сепаратизам“, се вели во реакцијата на ОВК.

Во реакцијата се споменуваат и настаните на Универзитетот во Тетово и на оние гостиварските.

„Истата специјална единица се бореше против Универзитетот во Тетово и го уби Абдиселам, истата специјална единица го силуваше нашето национално знаме убивајќи, апсејќи и малтретирајќи Албанци во настаните во Гостивар. Истата специјална единица ги уби и нашите соборци. Со какво лице имаат совест овие луѓе? !!! Едниот вицепремиер, а другиот заменик-министер, денес се поклонија пред волци и кучиња, Се поставува прашањето, кои луѓе ги претставуваат Артан Груби и Назим Буши“, се вели меѓудругото во реакцијата.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот