19 Декември, 2025
0.0429

ОЗЕМПИК НЕ Е ЛЕК ЗА СЛАБЕЕЊЕ, ПОСТОИ ДРУГ ЗА ОБЕЗНИ ПАЦИЕНТИ КОИ НЕМААТ ДИЈАБЕТЕС: Ендокринологот Битоска за Фактор

Објавено во: Македонија 22 Март, 2023 07:43

Добивај вести на Viber

Лекот Оземпик кој е наменет за третман на пациентите си дијабетес Тип 2, а се повеќе го бараат луѓе кои сакаат да ослабат, ја крена Србија на нозе, пред се заради тоа што таму веќе има недостиг од овој лек. Дали има ваков тренд и кај нас, одоговори во разговор за Фактор даде д-р Искра Битоска, специјалист ендокринолог од Клиниката за ендокринологија.

-Не е случај само во Србија луѓето кои имаат прекумерна тежина да побараат да го користат лекот Оземпик. Многу често и кај нас доаѓаат во ординација и го бараат токму овој лек, но тој во ниту еден случај не смеат да го користат оние кои се обезни, а немаат дијабетес. Оземпик чие генеричко име е семаглутид е исклучиво наменет за лицата со дијабетес Тип 2 и тоа не за сите, туку за оние кои имаат кардиоваскуларни болести. За намалување на прекумерната телесна тежина постои друг регистриран лек кој се вика Саксенда и кој е исклучително скап. Но, и за негова употреба треба да се направат целосни иследувања кај обезните пациенти, што значи дека не може да го употребува секој што сака. Употребата е строго контролирана. Она што би сакала да го истакнам е дека кај нас Оземпик не може да се купи туку така во аптека, односно го нема во аптеките, се дава под строга контрола на пациентите за кои веќе зборував, оние со дијабетес Тип 2 кои имаат кардиоваскуларни болести, појаснува д-р Битоска.

За проблемот со употребата на Оземпик од страна на пациенти кои немаат дијабетес, а само сакаат да ослабат алармираа пред извесно време и Научното здружение на ендокринолозите и дијабетолозите на Македонија, како и Националчната Комисија за дијабетес.

Д-р Битоска, која е член на стручното здружение вели дека апелот се однесува на тоа лекот да не се користи без консултација со лекар.

-Лекот е одобрен за употреба од страна на регулаторните агенции во светот, вклучително Европската агенција (ЕМА), американската (ФДА), како и Агенцијата за лекови и медицински средства во Македоинија МАЛМЕД. Лекот во нашата земја се употребува веќе три години. Стручната јавност и регулаторните агенции будно ги следат несеканите ефекти од лековите и во случај тие да претставуваат ризик по здравјето и животот на луѓето соодветно се реагира и се препорачуваат мерки на претпазливост или при сериозен ризик се повлекува од употреба. Такво предупредување или најава, за повлекување на лекот од употреба за Озенпик не постои. Лицата со дијабетес тип 2 кој го користат Оземпик или друга фоирма на лекот ( во форма на таблета) по препорака на лекар да не ја прекинуваат терапијата со овој лек и да ги консултираат докторите кој им го препорачале во лекувањето.

Инаку, како што напомена д-р Битоска, лекот кој е наменет за слабеење на обезните луѓе, односно оние со прекумерна телесна тежина, а притоа немаат дијабетес, се користи заедно со диета и вежбање.

За кого е наменет Саксенда?

Саксенда е одобрен лек за употреба кај возрасни со индекс на телесна маса (BMI) 30 или повисока. Треба да се користи како додаток на исхрана и вежбање за хронично управување со телесната тежина кај возрасните. Не е лек кој треба даги замени исхраната и вежбањето. Одобрен е од страна на ФДА, американскиот регулатор за лекови уште во 2014 година, и додека кај нас се препишува на пациенти по направени детални иследувања и употребата е под строга контрола, од пред точно една година, аптеките во Велика Британија почнаа со продажба на Саксенда. Здравствени стручњаци нагласуваат дека инјекцијата сепак не е волшебна, напротив за да се постигна добри резултати треба да се комбинира со диета и физичка активност.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот