18 Декември, 2025
0.0942

ОЗЕМПИК, ЖРТВА НА СОПСТВЕНИОТ УСПЕХ: Нема ниту за пациентите со дијабетес, ниту за оние кои сакаат да ослабат

Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2023 07:33

Добивај вести на Viber

Регионот, Европа, и светот воопшто се вљубија во Оземпик и во Вегови. Побарувачката за овие лекови беше толку интензивна во изминатиот период што сега има глобален недостиг, заради што регулаторите ги предупредуваат луѓето да не купуваат лажни онлајн. Недостигот на снабдување, исто така, предизвика конфликти и контроверзии за тоа кој треба да ги прима овие лекови за инјектирање.

Двата лека, произведени од данската компанија Новонордиск, се идентични, освен што се испорачуваат во различни големини на дозите и секако имаат посебна намена кај одделни пациенти. Ozempic е одобрен за третман на дијабетес тип 2, додека Wegovy е наменет за лекување на дебелината кај возрасните.

-Рапидно зголемената побарувачка на Оземпик, кој се препишува за пациенти со дијабетес, но исто така огромен број луѓе го користатза намалување на тежината, несомнено го предизвика недостигот. На производството на овој лек Новонордиск сега работи 24 часа. Наменет е за пациенти со дијабетес тип 2 и секако има кардиопревентивна улога. Кај нас лекот се дава под строга контрола, единствено на само ограничен број на пациенти со ова заболување. Но, злоупотребата на Оземпик, ширум светот, посебно во земји каде што слободно може да се купи, направи огромна пресија врз компанијата и сега проблемот е глобален, велат од Новонордиск.

Компанијата нагласува дека нема на нови пациенти со дијабет тип 2 да им се препишува Оземпик додека трае периодот на недостиг.

Во аптеките во Македонија овој лек веќе подолго време го нема, но како што велат, во последниот период е спласнатаи  побарувачката од страна на оние кои сакаат да ослабат.

-Нема т.н. „навала“ за Оземпик како што имавме, особено по укажувањата од страна на ендокринолозите дека лекот е наменет само за пациентите со дијабетес. Она што би сакала да го истакнам е дека, оземпик кај нас се дава исклучиво со извештај од страна на ендокринолог, лекот е на позитивнта листа и пациентите си го подигаат строго од инсулинските аптеки во Скопје. Но, сега го нема ниту за нив, ниту пак доколку некој сака приватно да си го купи за слабеење. Цената му беше некаде околу 4.000 до 5.000 денари. Постои и друг сличен лек кој го користат оние со зголемена тежина, тоа е саксенда. Тој е доста поскап и чини точно 8.888 денари, појаснуваат од скопските аптеки за Фактор.

За недостигот од Оземпик реагираа и од Сојузот на здруженијата на дијабетичарите на Македонија од каде што порачаа уште еднаш дека овој лек никако не смее да се злоупотребува, посебно не за слабеење.

-Оние кои користеа Оземпик инјекции, сега имаат друг лек за дијабетесот. Тоа се таблетките Ребелсус исто така произведени од компанијата Новонордиск. Знаеме дека станува збор за глобален проблем, заради што уште еднаш апелираме лековите да не се злоупотребуваат, вели претседателот на Сојузот, Диме Велев.

Инаку, благодарение на овие два лека, Ozempic и Wegovy, фармацевтскиот гигант Ново Нордиск е  компанија вредна 400 милијарди долари.

Данскиот производител на лекови Ново Нордиск влезе во ново поглавје во својата 100-годишна историја - благодарение на новооткриениот успех со двата производи: Ozempic и Wegovy.

Станува збор за лековите кои се инјекции, препишани за пациенти со дијабетес тип 2 и за губење на тежината. Нивната вртоглава популарност го подигна Ново Нордиск на нови височини. Цената на акцијата на Ново Нордиск се зголеми повеќе од четири пати во последните пет години, што ја прави највредната европска компанија по пазарна вредност.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери