Пациент чекал во возилото со маска за кислород, вработени во Брза помош пиеле кафе на бензинска
Објавено во: Македонија 21 Август, 2023 15:01
Поплака за екипа на Брза помош стигна до министерот за здравство, Фатмир Меџити. Додека пациент чекал во возилото со маска за кислород, вработени во Брза помош пиеле кафе на бензинска.
Ваквата снимка денеска новинарка му ја покажа на министерот за здравство Фатмир Меџити. Ова се случило во Струга.
„Ако го потврдиме ќе преземеме најригорозни мерки. Веднаш ќе го разгледаме тоа во министерство и да го потврдиме точно. Ќе испитаме што било дали е точно. И да ги пријавите сите со име, презиме, адреса“, изјави Меџити откако ја виде снимката.
Надлежните се на потег да го истражат случајот. Пред неколку години имаше видео на кое се гледа како возач во возило на Брзата помош пуши цигари, иако на пациентот тоа му пречи и му беше укажано.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




