27 Септември, 2024
0.0387

ПАЦИЕНТИТЕ СО НАЈТЕШКИ БОЛЕСТИ НЕ ТРЕБА ДА ОДАТ ПРЕД КОМИСИЈА: Матичните лекари може да издадат потврда, разговор со Лиридон Бафтиу

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Под капата на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Скопје се најосетливата категорија граѓани, а според директорот на оваа институција, Лиридон Бафтиу, треба да се вложува многу за да се најдат најсоодветните начини да им се помогне. Во овој разговор за Фактор, тој говори за следните активности на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, како и за неговите, иако многу млад, следни активности во овој сектор од општеството.

-Тоа што сега го спремаме како Центар за социјална работа е да добиеме донација за ново комбе за деца со церебрална парализа. Сметам дека ќе најдеме начин некој да донира, бидејќи тоа се деца со едно навистина тешко заболување, а комбето со кое располагаме е старо. Според нашите пресметки станува збор за околу 35.000 евра. Самото комбе чини околу 24.000 евра, но со таа додатна опрема што е потреба за децата би изнесувало околу 35.000 евра. Ако успееме тоа да го направиме, навистина ќе биде добро. Ние имаме дневен центар за дечиња со церебрална парализа. Таму работи стручен кадар, и имаме шофер кој е поврзан со сите родители, контактира со нив, и секојдневно оди до кај нив дома, ги зема и ги носи во Дневниот центар. Тој функционира како градинка, таму имаат и оброци. Затоа сакаме комбето со кое ги возиме тие деца да биде како што треба. Освен во Дневниот центар, со тоа комбе ги носиме и во Крушево и во Кичево. Тоа се категорија на дечиња за кои е потребна голема посветеност. Најмногу има до 10-тина дечиња, најчесто се околу 6-7. Навистина сум многу ангажиран ова да успее, а за среќа во нашава земја има многу општествено корисни компании кои би донирале за едно вакво комбе. Би ни било од огромна корист. Се трудиме да правиме нешто што ќе остане за доброто на децата, вели Бафтиу.

Една од целите на Бафтиу се и реализација на капиталните инфестиции, а приоритет е ставен на објектот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Општина Гази Баба.

-Условите таму се навистина многу лоши. Во контакт сум со градоначалникот за сите планови. Кога ќе се гради новата општина, нашата установа ќе има нов дел. Сметам дека ќе почнат наскоро. Условите се подобри во Чаир и во Бутел, а јас конкретно во Чаир отворив еден шалтер за граѓаните на таа општина за да не мора да одат до Бутел да поднесуваат барања за што и да им треба. За жал сите се бараки на Центарот за социјална работа и тоа се многу стари бараки. Условите не се добри ниту за вработените кои по цел ден се таму, ниту пак за граѓаните кои треба да завршат некоја работа, дали станува збор за поднесување барања за туѓа нега, за детски додаток, за добивање личен асистент. Условите за таа осетлива категорија граѓани се многу лоши. Некаде ниту пристапот не е како што треба, а доаѓаат луѓе со инвалидитет, посочува директорот Бафтиу.

Истовремено, даде појаснување зошто се долги процедурите, односно конкретно проговори за решенијата за исплата за туѓата нега.

-Една од најзагрозените категории се болните од канцер, епилепсија, деменција, а додека добијат решение за туѓа нега минуваат неколку месеци. Ова е навистина голем проблем, кој планираме да го решиме во соработка со Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика. Првиот чекор е да се најде термин за кај лекарска комисија која одлучува дали му следува ваквата услуга. Поентата е е дента кога странката ќе биде пред лекарската комисија, таа да му издаде наод и со тој наод странката да поднесе барање во подрачната единица на Центарот за социјална работа. Ако успееме ова да го изреализираме, работата ќе се завршува за ден-два, односно решението би било изготвено за два три дена. А сега е многу комплицирана целата таа процедура. Многу сум оптимист дека ова брзо ќе го средиме сето ова. Инаку, би сакал да потенцирам дека пациентите кои имаат неизлечива болест, нема потреба да одат на комисија.Од матичниот лекар се зема потврда дека не е во состојба да присуствува и документацијат може да приложи некој од блиските. Значи не мора лично да одат пациентите. Имавме голема мака со та, воопшто не беше хумано пациенти во количка да треба да се качуваат на петти кат за да присуствуваат на терминот кај комисијата. Ова е регулирано веќе. Битно е и матичните лекари да бидат информирани. Освен тоа, ќе работиме и на уште еден проблем, а тоа е да не мора секоја година да се поднесуваат барањата за туѓа нега за оние пациенти кај кои е дијагностициран траен инвалидитет, деменција-болест која не се лекува, оние кои се болни од канцер, слепи лица кои никогаш не може да си го повратат видот. Сега се постапува според актуелниот правилник, но тоа мора да се смени и работиме на тоа, вели директорот Бафтиу.

Вели дека реализацијата на проктите зависи од многу фактори, а еден од нив е и политиката која вака или онака се наметнува и оневозможува брзо остварување на зацртаните идеи.

-Во сите држави во сите партиски коалиции има вистинска борба има борба и во самите партии кој да биде поуспешен. Но сегашниот застој на проектите лично верувам дека се случува заради кризата која ја имаме. Многу сум млад и не сакам ни да размислувам дека тоа се случува од некоја политичка позадина. Сметам дека ако помине енергетската криза ќе има непречена реализација особено на капиталните проекти. Ако на пример јас како директор на оваа институција сум успешен, големата слика ќе биде успех на Владата која всушност инвестира во сите тие проекти и услуги кои ги даваме на граѓаните. Секако дека има борба и добро е што е така за да може да им се обезбеди најдоброто на граѓаните. Јас имам одлична соработка со министерката за труд и социјална работа и оптимист сум дека заеднички ќе дејствуваме за реализација на проектите.

Во однос на најавената „мини реконструкција“, Бафтиу посочува дека засега е задоволен од сегашната функција, и дека е премногу млад за поголеми амбиции.

-Сметам дека институцијата што ја водам е многу соодветна за мене, отколку да бидам преамбициозен, на пример за министер. Министерката има почнато многу проекти, заеднички со многу други институции, продолжува и реформата од 2019 година. Јас ја поддржувам целосно со сите мои капацитети за да биде успешна во нејзиниот мандат. Ако МТСП е успешна се пренесува и на ЦСР, и обратно. Рано е за мене за таква позиција иако не се оградувам од дополнителни обврски. Инаку навистина ја знам проблематиката и овој сектор и затоа сум на ова место, вели Бафтиу.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања