Пациентка од Прилеп починала од опасна бактерија што се јавила во болницата
Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2023 17:30
Во прилепската болница затворени се седумте операциони сали на сите одделенија поради интерхоспитална инфекција, предизвикана од бактеријата „serratia“, поради која починала пациентка од сепса, дознава ТВ Алфа од свои извори.
Починатата е една од четворицата пациенти кои претходниве денови биле оперативно лекувани, две на Гинекологија, и по еден на Ортопедија и Хирургија, но заради постооперативни инфекции, односно сепса, биле испратени на Инфективната клиника во Скопје.
Пациентката пред четири дена починала во Скопје. Станува збор за 52-годишна жена врз која била извршена полесна, рутинска хирурушка интервенција на Гинеколошкото одделение. Зафатот поминал без проблеми, немало крварење, но наместо да се опоравува, пациентката набрзо паднала во кома, по што ургентно била префрлена во Скопје каде и починала
„„Стручна комисија допрва ќе треба да утврди за каков вид бактерија станува збор. Ќе треба да се почекаат и резултати од обдукцијата на починатата жена. Дотогаш, не би шпекулирале ништо. Неитните операции ќе се одложат, а додека итните ќе се прават во болниците во соседните градови“, кратко одговориле од Болницата.
Можеби ќе ве интересира
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти




