19 Декември, 2025
0.0629

ПАЦИЕНТОТ ЌЕ МОЖЕ ДА ВНЕСЕ ЗДРАВСТВЕНИ ИНДИКАТОРИ, СПОРЕД КОИ МАТИЧНИОТ ИЛИ СПЕЦИЈАЛИСТ ЌЕ МОРА ДА РЕАГИРА: Алиу најавува дигитална трансформација на здравството

Објавено во: Македонија 26 Јули, 2025 20:00

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство, Азир Алиу, во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77, најави воведување ново софтверско решение кое ќе ја олесни комуникацијата и движењето на пациентот низ здравствениот систем.

„Апликацијата ќе овозможи пациентот во секое време да внесе здравствени индикатори, врз основа на кои матичниот лекар или специјалист ќе може веднаш да реагира – со менување на терапијата или давање препораки за натамошно лекување. Ако системот детектира вредности надвор од нормалата, автоматски ќе алармира“, истакна Алиу.

Апликацијата е дел од севкупната стратегија за дигитализација и оптимизација на здравствениот систем, а се осврна и на усогласување на 12 закони за зголемена транспарентност и ефикасност.

Дополнително, министерот Алиу ја најави и дисперзијата на онколошките услуги надвор од Скопје, со што третманот на онколошки пациенти ќе биде достапен и во болниците во Штип, Тетово, Битола и ГОБ „8 Септември“.

„Во завршна фаза сме со протоколите. Почетно, лекувањето ќе биде асистирано преку телемедицина од Скопје, но наскоро очекуваме во овие центри да се воспостават и ЦТ симулатори, со што пациентите ќе добијат квалитетна услуга поблиску до своите домови“, нагласи министерот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот