ПАЦИЕНТОТ ВО „8 СЕПЕМВРИ“ ИМАЛ АКУТНО ПСИХОСОМАТСКО НАРУШУВАЊЕ: „Денеска заминува дома“, директорот Костов со сите детали за Фактор
Објавено во: Македонија 08 Јануари, 2024 10:35
Станува збор за
повозрасен пациент кој веќе по четврти пат е хоспитализиран во ГОБ „8
Септември“, а се лекува од кардиомиопатија, односно срцева слабост, вели за
Фактор, директорот на болницата, Христијан Костов, кој ги изнесе сите детали за
синоќешниот инцидент.
-Синоќа се случи инцидентот во кој пациентот кој ние го знаеме, бидејќи по четврти пат се лекува кај нас, нападна медицински техничар со мало кујнско ноже. За среќа, нашиот вработен нема тешки повреди, само расекотина на градниот кош. Инаку, пациентот се лекува од кардиомиопатија, односно срцева слабост и е хоспитализиран на Одделението за интензивна нега. Нападот се случил кога медицинскиот техничар делел терапија. Во тој момент, пациентот бил агресивен, дезорентиран, агитиран, вознемирен, конфузен. По преглед од страна на психијатар е констатирано дека станува збор за акутно психосоматско нарушување, промена на расположението, посочува проф. д-р Костов, нагласувајќи дека пациентот досега немал никаков психијатриски наод, односно немал никаква дијагноза од страна на специјалист психијатар.
Вели дека му е дадена терапија за смирување и дека пациентот денеска ќе биде отпуштен од болницата.
-Денеска состојбата му е смирена, и ќе биде отпуштен. Она што би сакал да го истакнам е дека иако повредата нанесена на градниот кош од ножот кај нашиот медицински техичар не е опасна, стресот кој го преживеа е навистина преголем. Во моментот на нападот веднаш е повикано обезбедувањето и е повикана полиција, вели дирекоторот.
Иако станува збор за акутно психосоматско нарушување, 77-годишниот пациент од Скопје, како што нагласи проф. д-р Костов, за една недела треба да се јави на контрола кај специјалист психијатар.
Анита Буховски
Можеби ќе ве интересира
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти




