Добивај вести на Viber
Терминските цени на нафтата паднаа, бидејќи инвеститорите се фокусираа на позитивните податоци за стопанскиот раст во САД. Податоците ги поттикнаа надежите за заздравување на побарувачката во најголемиот светски потрошувач на нафта.
Барел американска нафта WTI за испорака во февруари поевтини на меркантилната берза во Њујорк за 10 центи на 99,22 долари по барел, додека истата количина северноморна нафта од типот брент на пазарот во Лондон чинеше 111,67 долари, односно 10 центи помалку отколку на крајот на минатогодишното тргување, пренесува Франс прес.
Американското министерство за трговија објави минатиот петок дека стопанството на САД во тертиот квартал остварило раст од 4,1 отсто, наместо претходно прогнозираните 3,6 отсто.
Позитивните податоци следуваа по сооштението на Фед дека од јануари идната година ќе се намалат стимулирањата во стопанството за 10 милијарди долари на 75 милијарди долари месечно.