ПАД НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ ВО ЈУЛИ: Кај новоодобрените кредити, нема промени
Објавено во: Економија 29 Август, 2025 11:42
Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јули 2025 година изнесувала 4,91 отсто, што претставува намалување и на месечно и на годишно ниво. Кај депозитите, пак, е забележан раст – просечната каматна стапка изнесува 2,21 проценти, информира Народната банка.
Кај новоодобрените кредити просекот е 4,42 отсто, без промени во споредба со јуни, но пониско ниво од лани. Новопримените депозити остануваат на 2,35 отсто, со годишен пад.

„Во корпоративниот сектор, вкупните кредити за фирмите во јули имаат каматна стапка од 4,54 проценти, што е пониско и месечно и годишно. Новите кредити за фирмите се со просек од 4,22 отсто, со намалување од 0,74 процентни поени за една година. Кај депозитите, каматната стапка е 2,66 проценти, со раст, особено кај депозитите во странска валута“, велат од Народна банка.

Посочуваат дека каматната стапка е во пад и кај домаќинствата.
„Кај домаќинства: Каматната стапка на вкупните кредити кај домаќинствата е 5,28%, што е пад во однос на претходниот месец. Новите кредити за граѓаните во јули изнесуваат 4,67%, со годишно намалување. Депозитите на домаќинствата се на ниво од 2,15%, додека новопримените депозити се 2,33%, непроменети од јуни“, соопшти Народната банка.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното





