17 Декември, 2025
0.0397

ПАДНА БАЛКАНСКИОТ ЕСКОБАР: Најголемиот српски нарко-дилер Космајац уапсен во Белград!

Објавено во: Балкан 09 Ноември, 2014 10:27

Добивај вести на Viber

Српската полиција го уапси Драгослав Космајац, кој пред неколку месеци лично од премиерот Александар Вучиќ беше посочен како еден од најголемите наркодилери на Балканот. Космајац бил уапсен во неговиот стан во Белград, а заедно со него се приведени уште седум лица. Како што објави српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ на вонредна пресконференција утрово, полициската акција била резултат на четиримесечна истрага за фаќање на Космајац. Сите уапсени се државјани на Србија - дел биле приведени во Белград, а дел во Сремска Митровица и се сомничат дека му помагале на наркодилерот во серија кривични дела - од шверц до даночно затајување. Во т.н. Бела книга на Министерството за внатрешни работи на Србија од 2001 година, сега 61-годишниот Космајац се посочува како еден од најважните трговци со опојни дроги на Балканот. Тој се поврзува со шверцот на дрога од Јужна Америка, од каде наводно организира транспорт на огромни количества кокаин во Европа. На рутата на шверцот на Космајац, според српските власти, се наоѓа и Македонија. Наводно, тој има разработен канал за пренесување на дрогата од Турција, преку Бугарија, Македонија, Црна Гора и Србија за земјите од Западна Европа. „Сите се плашат од него. Велат дека е наинтелигентниот човек што го виделе и сите се по малку фасцинирани од него“, изјави Вучиќ, обвинувајќи дека досега немало политичка волја за пресметка со овој криминалец. Медиумите во Србија објавуваат дека Космајац лично бил близок соработник на озлогласениот колумбиски наркобос Пабло Ескобар.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата