ПАДНА ЦЕНАТА НА НАФТАТА НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Загрижувачките вести од Кина го „срушија“ барелот

Објавено во: Економија 01 Јуни, 2023
Цените на нафтата денеска паднаа на меѓународните пазари до 73 долари, бидејќи трговците се загрижени за забавување на активностите во кинескиот индустриски сектор, што сигнализира послаба побарувачка за енергија.
На лондонскиот пазар барелот се продаваше по цена од 73 центи пониска од вчерашната цена на затворање од 72,98 долари. Тој вчера ја затвори трговијата со загуба од 3,53 долари.
На американскиот пазар цената на барелот падна за 90 центи на 68,56 долари. Вчера ја затвори трговијата за минус 3,21 долар. Пазарите вчера ги потресе стравот дека американскиот Конгрес нема навреме да го суспендира лимитот на државниот долг, што би значело дека државата нема да може правилно да ги подмири финансиските обврски од 5 јуни.
Група републикански пратеници посочија дека би можеле да го блокираат законот, но претседателот на Претставничкиот дом Кевон Мекарти, републиканец, рече дека е уверен дека законот „ќе помине“. Трговците беа потресени во средата од извештајот кој покажува пад на кинеската индустриска активност во мај.
Пазарите се обидуваат да проценат дали ОПЕК + ќе ја промени производната политика, бидејќи министерот за енергетика на Саудиска Арабија предупреди на проблеми за трговците кои шпекулираат со падот на цените, додека рускиот вицепремиер очекува да нема проблеми по намалувањето на испораките пред еден месец.
Не очекуваат промени ниту аналитичарите на британската банка ХСБЦ, кои прогнозираат дека зголемената побарувачка на нафта во Кина и на Запад од летото ќе резултира со недостиг на понуда во втората половина на годината.
Можеби ќе ве интересира
Албанските работници земаат ниски плати, но работат по 43,7 часа неделно

Претседателот на Клубот на извозници учествуваше на Самитот за глобална трговија во Дубаи

АКО ХРВАТИТЕ НИ ГИ ВРАТАТ ПИПЕРКИТЕ СО ПЕСТИЦИД - нашата Агенција за храна ќе ги уништува на безбеден начин

ПОТРОШУВАЧИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ДО ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА АКО ОТКРИЈАТ НЕНАМАЛЕНИ ЦЕНИ - Бектеши задоволен како тече мерката
ДОБРИ ВЕСТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Ќе се покачи минималната плата за десет отсто, еве ги деталите

„ЧЕБРЕН“ НЕМА ДА ДОНЕСЕ СВЕЖИ ПАРИ ЗА ДРЖАВАТА: Македонија да има предност за користење на електричната енергија

КАМАТИТЕ ИМ СЕ ПРЕВИСОКИ, СТАНОВИ ЌЕ НЕМА - германска компанија го запира производството на 60 илјади станбени единици

ЈАПОНСКИОТ ГИГАНТ ТОШИБА ЈА НАПУШТА БЕРЗАТА ПО 74 ГОДИНИ: Завршено преземањето накомпанијата

ГЕРМАНСКИОТ ЛИДЛ СТАРТУВА СО ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - исфрла дел од производите од својата понуда
