ПАДНА ОДЛУКА: Земјите членки на Г20 се договорија за оданочување на богатите - ова се клучните точки од конечната декларација
Објавено во: Економија 20 Ноември, 2024
На првиот ден од самитот во Рио де Жанеиро, земјите-членки на Г20 изненадувачки се договорија за заедничка завршна декларација. Бразил како домаќин успеа да ги вклучи најважните точки од своето претседавање, меѓу кои се борбата против гладот и борбата против климатските промени и глобалното затоплување.
Се очекуваше дека аргентинскиот претседател Хавиер Мајли нема да се согласи со одредени точки. Лидерите на водечките индустриски и брзо развојни земји се обврзаа на поефикасно оданочување на супербогатите, пишува Дојче веле.
„Ќе се обидеме да работиме заедно за да обезбедиме дека многу богатите поединци „ефикасно се оданочуваат“, се наведува во документот. Планирано е да се развијат механизми за борба против даночното затајување. Во Рио беше лансирана и Глобалната алијанса против гладот и сиромаштијата. Во завршната декларација се нагласува дека недостига политичка волја да се обезбеди пристап на луѓето до храна, иако има знаење и ресурси.
Непрецизен документ
Г20 ја повтори целта за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови. Сепак, не е постигнат значителен напредок во однос на финансирањето. Декларацијата останува нејасна, спомнувајќи само „трилиони долари“ кои треба да дојдат од „сите извори“, без дополнително објаснување.
Се споменува постепено укинување на „неефикасните субвенции за фосилни горива“, но не и целосно напуштање на употребата на јаглен, нафта и гас. Што се однесува до војните на Блискиот Исток и Украина, постигнат е само минимален консензус.
Блиц.рс* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.