ПАДНА ПРЕСУДА: Две години затвор за Груевски во случајот „Тенк“
Објавено во: Македонија 23 Мај, 2018 12:47
Во отсуство на екс премиерот Никола Груевски Судот пресуди тој да биде прогласен за виновен во случајот „Тенк“ кој СЈО го покрена а се однесува за купувањето на луксузниот мерцедес.
Груевски доби две години затворска казна за примање награда и противзаконито влијание во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес, додека Ѓоко Поповски доби 6 години и шест месеци за злоупотреба на службена должност и овластување.
Пресудата ја изрече судијката Добрила Кацарска која при изрекување на пресудата кажа дека двајцата осудени треба во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата да ја надоместат штетата настаната во овој случај.
Груевски беше застапуван од своите бранители Сања Алексиќ, Димитар Дангов и Боро Тасевски.
Првообвинетиот Поповски, со лисици на рацете од Истражниот затвор Скопје беше донесен во судот. Тој вчера, како поранешен помошник министер за внатрешни работи, беше осуден на девет години затвор за злоупотреба на службената положба во предметот на СЈО „Триста“, за набавка на 300 возила за МВР и веднаш беше упатен во притвор, на барање на СЈО поради опасност од бегство.
За третообвинетата Гордана Јанкулоска, пред еден месец постапката беше издвоена и за неа рочиштето е закажано за 28 јуни.
Според пресудата, прочитана од судијката Кацарска, Никола Груевски извршил влијание врз другите двајца обвинети на начин што од Гордана Јанкулоска побарал МВР да купи патничко возило „мерцедес“, а Јанкулоска, пак, го поттикнала Ѓоко Поповски при купување на возилото да го фаворизира економскиот оператор „Мак Ауто Стар“ ДООЕЛ Скопје.
Пред новиот Кривичен суд се собрани 30-тина поддржувачи на Никола Груевски, меѓу кои се и поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски, поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски.
Пред судот вчера беше поставена ограда .
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Синоќа повеќе институции извршиле контрола во „Зимзоленд“
(ВИДЕО) Нападната екипата на „Инфомакс“ во живо, лицето удирало со чаши, и го нападнало новинарот Милошевски
КАЗНИТЕ ЗА ВЛАДИНИТЕ ВОЗИЛА СТИГНУВААТ КАЈ ЛИЗИНГ КОМПАНИИ: Како ќе се справи „Сејф сити“ со оваа ситуација?
СО 14 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЌЕ СЕ ПОДНОВУВА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА: Ќе се набавуваат нови возила
СУДЕЊЕ „ПУЛС“: Денешното рочиште продолжува со воведни зборови на одбраната на 26-то обвинетиот Шефкет Хазири од Министерството за економија
Андоновски: Филипче гласал за камп за прифаќање на мигранти во 2018 година во Бардовци, деталите ќе бидат јавно објавени
КАЦАРСКА ЗА ЈАНКУЛОВСКА И ПРЕДМЕТОТ ВО СТРАЗБУР: „Јанкуловска имаше можност да ги изнесе сите докази“
Тошковски: Тврдењата дека Македонија ќе биде хаб за мигранти немаат врска со реалноста
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поранешните министри за економија и директори на ДЗС негираат вина за „Пулс“




