Падот на невработеноста, резултат на подобрена економија или статистичка акробација?
Објавено во: Економија 18 Јуни, 2013 08:41
Намалувањето на бројката на невработени, за дел од експертите и опозицијата е резултат на мерките што се превземаа од страна на Агенцијата за вработување со која неколку години наназад се врши бришење од списокот на невработени по различни основи, иако оттаму пак велат дека мерките се само за да се види колкава е вистинската бројка на оние што бараат работа и оние што само се пријавуваат во Агенцијата, но не бараат работа.
Зголемен бројот на невработени со високо образование
Според податоците на статистиката, зголемен е бројот на невработени кои се со високо и више образование. Па така, ако во првиот квартал во 2012 година имало 37.774 невработени со високо образование, во истиот квартал годинава има 40.183 невработени со високо образование. Паралелно со тоа, намален е бројот на вработени со истото образование.Односно, во првите три месеци минатата година со високо образование биле вработени 135.469, додека во истиот период од годинава таа бројка е намалена и изнесува 131.916.
Од друга страна пак има зголемување на вработените со завршени 4 години средно образовани.Односно ако во првиот квартал минатата година имало268.863 вработени со 4 години средно образование, годинава во истиот квартал има 293.829 вработени со тој степен на образование. Проследено со паралелно намалување на невработените со 4 години средно образование. И тоа од 130.005 во првото тромесечје од лани, годинава има 121.360 невработени со 4 години средно образование.
Владата изминатот период објави и серија огласи за вработување во повеќе државни инстутуции и претпријатија, потег критикуван од дел од експертите и компаниите, бидејќи сето тоа паѓа токму на терет на приватниот сектор. Од една страна велат познавачите власта на таков начин купува некаков социјален мир, а истовремено си креира и гласачко тело за следни избори, но тоа е балон кој се дува, а приватниот сектор тешко ќе може да го издржи уште долго време, особено што се уште сме под влијание на економската криза, што упатува на опасноста дека еден ден ќе мора да се направи сериозен рез на таквото полнење на партиски кадри под закрила во државните јасли.
Според податоците на статистиката, најголем број од вработените се во преработувачката индустрија потоа следува тровија на мало и големо, и вработувања под државна капа.
Во однос на годините според Државниот завод за статистика, во првото тромесечје од годинава, на возраст од 15 до 24 години невработени биле 51.556, на возраст од 25 до 49 години невработени биле 175.809, додека на возраст од 50 до 64 години невработени биле 56.984 граѓани.
С.Н.
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




