Паѓа вредноста на доларот, еврото расте
Објавено во: Економија 16 Април, 2023
Доларот ослабна петта недела по ред, а еврото е најсилно за период од една година.
Вредноста на американската валута се намали за 0,8 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото на крајот на неделата изнесуваше 1,0995 долари. Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми за 1,2 отсто на 133,80 јени. Инвеститорите веруваат дека циклусот на зголемување на каматните стапки на американската централна банка се ближи кон крајот. Неодамна и руската валута рубљата повторно падна. Лани и турската лира имаше пад на вредноста.
foto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.