ПАЃАТЕ ЛИ И ВИЕ НА ОВИЕ ТРИКОВИ НА ТРГОВЦИТЕ? Цените 99 и не се баш пониски од останатите
Објавено во: Финансии 08 Декември, 2022 11:11
Без разлика во колку продавници ќе влезете и колку и да гледате по нивните рафтови, секогаш купувачите се фокусираат на цената. Се чини дека нема цена што не завршува со бројот девет, всушност обично е 99.
Голема студија спроведена од професорите Даниел Леви и Авичи Снир, врз основа на неколкугодишни податоци собрани од американските продавници, откри дека кога потрошувачите купуваат предмети чија цена завршува на 9, не само што не заштедиле ниту цент, туку и стоката во просек ја преплатилче за 18 отсто во споредба со слични артикли со „нормални цени“.
Ги анализирале цените на сè - од сирења, до грицки и сокови, супи од конзерва, детергенти, до тоалетна хартија и шампон, а заклучокот е дека кога цената на стоката завршува за девет, по правило, таа е поскапа од стоката која има цена без таа бројка.
Секако, кај одредени намирници разликите се фрапантни - на пример, соковите чија цена завршува на девет се во просек за 43 отсто поскапи од соковите без таа бројка на крајот, тоалетната хартија е поскапа за 35 отсто, бонбоните за 28 отсто, хартиени крпи за 23 отсто и сапуни 22,6 отсто.
Никој не знае кога и зошто оваа практика на завршување на цените на 9 е воведена во продавницата, но слична тактика е откриена во рекламите на Мејси од 1880 година, во кои одредени артикли чинат 1,99 и се рекламираат како голема зделка. Денешните истражувања покажуваат дека меѓу цените кои завршуваат со деветки, најзастапени се 9,99, потоа 9, па 9,95 па 4,99.
Некои други истражувања покажуваат дека трговците на мало ги заокружуваат цените на 99 кога ќе покачат нешто за да го минимизираат влијанието врз потрошувачите, додека кога ја намалуваат цената на производите одат на некои други бројки.
Можеби ќе ве интересира
ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани




