ПАЛЕЛ СУВА ТРЕВА И САМИОТ ИЗГОРЕЛ: Жител на село Одрено загина во пожар во околината на Ранковце
Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2024 10:45
Шеесет и осум годишен жител на село Одрено, Општина Ранковце, вчера починал во пожар на сува трева што самиот го запалил заради расчистување на нива, потврдија од МВР.
- На 6 февруари 2024 година во 19 часот и 40 минути во полициското одделение Ранковце било пријавено дека во опожарена нива во село Одрено, општина Ранковце, бил пронајден починат шеесет и осум годишениот Д.С. од истото село. Лекар од Итна медицинска помош констатирал дека смртта настапила како последица на изгореници на телото и главата и на телото немало траги на насилство - информира портпаролот на Секторот за внатрешни работи, Куманово.
Според пријавеното во МВР, околу 12 часот тој излегол од домот да пали сува трева на неговата нива, по што немал контакт со семејството.
Екипа од ОВР Крива Паланка извршила увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.
Од Територијалната противпожарна единица Ранковце потврдија дека вршеле интервенција на местото на пожарот, во атарот помеѓу селата Одрено и Псача, каде зафатени биле околу пет декари сува трева и овошни дрвца.
Оттаму упатија апел до граѓаните да бидат крајно внимателни при расчистувањето на нивите и потсетуваат да не се палат стрништа.
Фактор и претходно објави за трагичниот настан, по информациите кои ги содели Центарот за управување со кризи.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




