ТРАГЕДИЈА - ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА ПРИ ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАР: надлежните апелираат да не се пали вегетацијата на отворено
Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2024 09:05
Повозрасен граѓанин на Куманово загинал вчера при гасење на пожар на отворено во околината на селото Псача. Гаснењето на пожарот вчера вечерта по 20.30 часот, па се до десетина минути по полноќ. Настраданото лице најверојатно починал по задушување од чад, соопштија од Центарот за управување со кризи.
- Регионалниот ЦУК Куманово извести дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од ТППЕ Ранковце пронашле настрадано повозрасно лице при гаснењето на пожар на отворено сношти при интервенција од 20.30 до 00.10 часот во атарот на с. Псача. Опожарена била сува трева со површина од околу 0,4 хектари. На местото на настанот увид вршеле екипата на СВР и медицинската екипа. Настраданото повозрасно лице го изгубило животот, најверојатно, заради гушење од чад. Подетални информации ќе има откако ќе се заокружи истрагата - наведуваат во соопштението.
Според извештаите на Регионалните центри за управување со кризи, ЦУК информира дека пожари на шуми и на вегетација на отворено, се уште има во државата, така што и во последното деноноќие имало над десетина регистрирани, по пријава, за запалена трева, нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата.
Од десетината пожари на отворено во последното деноноќие се уште три се водат како активни: над с. Лешница (Општина Желино), пожарот на планината Жеден и шумски пожар во атарот на с. Јамиште (Општина Пробиштип). Состојбата се следи од надлежните ангажирани тимови.
Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
Можеби ќе ве интересира
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија
ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР ДЕНКОВСКИ: „Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме сериозен партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар“
Грчкото МНР со реакција по изјавата на Мицкоски: Во меѓународните договори нема де факто ситуации
(ВИДЕО): ОД 5 ЧАСОТ УТРОВО СЕ РУШИ ДИВОГРАДБА ВО ИНЏИКОВО: Стефковски ги предупредува граѓаните
„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат
„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ
Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште




