19 Декември, 2025
0.1133

Панче Кралев ќе предава на Центарот за лидерство на Азија со Хардварски пристап

Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2017 07:00

Добивај вести на Viber

Поранешниот министер за образование и наука Панче Кралев по завршувањето на мандатот во 2013-та многу повеќе се посвети на академската кариера и по втор пат ќе предава на Центарот за лидерство на Азија како единствен Македонец.

Центарот за лидерство на Азија е социјално претпријатие со седиште во Куала Лумпур, Малезија чија главна цел е да овозможи квалитетно образование, обуки, курсеви и предавања кои го пренесуваат искуството од високо престижната образовна институција Харвард. Токму затоа и предавачите од целиот свет, меѓу кои и Панче Кралев имаат или завршено на Харвард или ги поминале различните обуки.

Екс министерот за образование е магистер на Кенеди школата за јавна администрација на Харвард и токму затоа по втор пат ќе има можност да им пренесе значајни искуства на младите од Азија. Целиот проект е замислен за создавање на идните лидери на азискиот континент кои пред се ќе имаат етички и морален компас за потоа да може да се справат со модерните социјални, економски и политички проблеми и предизвици. Кралев е и актуелен претседател на одборот на директори на Македонски Телеком.

Со предавањата на Центарот за лидерство на Азија се опфатени група ученици од последните година од средно училиште, студенти од локалните Универзитети како и менаџери од локални компании. За секоја од овие групи се предвидени посебно адаптирани предавања.

Темите кои се опфатени со предавањата вклучуваат лидерство, претприемништво и преговарање согласно начинот на предавање на Харвард базиран на реални случаи (case based method).

Програмите на Центарот секоја година ги посетуваат над 1000 учецници од земјите од регионот, а нивните главни цели се да едуцираат, да пренесат искуства и да генерираат нов мајндсет кон решавањето на актуелните проблеми.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот