Пандемијата го зголеми бројот на читатели во библиотеките во Македонија
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Ноември, 2020
Во повеќето македонски библиотеки бројот на читатели е зголемен во период додека светот и земјава се бори со пандемијата на коронавирусот.
Во време кога се препорачува да нема собири и групирања, луѓето слободното време го исполнуваат со читање на книги. Од библиотеките објаснуваат дека има читатели од сите возрасти и се читаат книги од различни жанрови.
„Точно е дека повеќе се чита оваа година. Читателите земаат лектири, романи, стручна литература. Најверојатно поради пандемијата луѓето не сакаат да се движат, да шетаат, и затоа седат дома и читаат книги. Бројот на читатели е над 3.000, а ги има од 7 до 77 години. Има и мнгоу пензионери кои читаат, буквално доаѓаат со список на книги кои сакаат да ги земат и да ги читаат“, вели Гордана Змејковска, директорка на НУБ „Глигор Прличев“ од Охрид.
Слична е ситуацијата и во Делчево. Велат дека бројот на читатели оваа година скокнал и тоа е за поздравување.
„За разлика од лани и годината пред неа, сега имаме повеќе читатели. Ако претходната година сме ја завршиле со 500 нови членови, оваа година ќе имаме повеќе од 500, и плус да нагласам два и пол месеци не работевме поради пандемијата. Најмногу се читаат романи. Нормално дека пандемијата придонесе повеќе да се читаат книги, но и набавката на нови книги и маректингот“, објаснува Билјана Петровска, директорка на библиотеката „Илинден“ од Делчево.
Од библиотеката „Страшо Пинџур“ од Неготино очекувале дека поради пандемијата на коронавирусот бројот на читатели ќе се намали, но се случи обратното.
„Секој ден има нови членови, се запишуваат и се работи за возрасни луѓе. Најмногу бараат психолошки книги, трилери, странска литература. Читателите се од најмали до највозрасни, така што ако најмалиот читател има 4 години, најстарите се над 70 години. Пред две години жена која има над 75 години беше прогласена за најактивен читател. Пензионерите се категорија која доста чита. Во нашата установа имаме околу 1.000 читатели“, велат од оваа библиотека.
Една од најстарите библиотеки во Источна Македонија, „Кочо Рацин“ во Пехчево исто така регистрира зголемен бројот на читатели. Бидејќи сме во време на пандемија, и библиотеките имаат посебни протоколи за работа, така што при влез посетителите мораат да дезинфицираат раце, и да држат растојание.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.